Скопје, 20 август 2010 год- храм на св.Петка
На 21 август 2010 година, во 13-тата недела по Педесетница, на празникот на преподобен Григориј Синаит, светите маченици Тријандафил и Анастасиј (Спасо Радовишки), во храмот на св. Петка, во Скопје, отец Жарко отслужи Утрена богослужба.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 100)
Рече Господ на Своите ученици: „Како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки. Оти, каде што е трупот, таму се собираат и орлите.“ И веднаш, по маките на тие дни, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвездите ќе попаѓаат од небото, и силите небески ќе попуштат. Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како иде на небеските облаци, со голема слава и сила; и ќе ги испрати Своите ангели со голем трубен глас, и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата. Со смоквата направете споредба: штом се подмладат нејзините гранки и пуштат лисја, знаете дека е близу летото; така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата.
Лето Господово 2010