логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Седмица 2-ра по Педесетница

bogorodica.k.dol.jpg

Недела втора по Духовден
Господ ги повикал Петра и Андреја и тие веднаш, оставајќи се, тргнале по Него. Ги повикал Тој и Јакова и Јована, и тие  исто така, оставиле се и тргнале по Него (Мт.4, 18-24). Зошто тие така брзо и радосно тргнале? Затоа што го увиделе она што е подобро. Таков е законот во нашата душа: спознавајќи го и вкусувајќи го подоброто, таа се одвраќа од полошото и го напушта. Тука се случува она што Господ подоцна го покажал во приказните за богатството сокриено во нивата, и за скапоцениот бисер. Богатството и бисерот се вербата во Господ и општењето со Него по  силата на верата. Ние го стекнуваме уште во текот на  кршетавњето. Меѓутоа, зошто ние толку малку го цениме тоа богатство и зошто го менуваме за ништожности?  Затоа што за време на воспитувањето не го внесуваат во нас вкусот на тоа богатство, така што тоа останува туѓо на нашето срце. Нашето срце не го знае она што е подобро. Тоа знае само што е помало зло или поголемо зло, и на тоа го темели својот поглед. Тоа е причината  поради која некои се одзиваат и одат кога Господ ќе ги повика, додека ние, иако повикани, бегаме од Него.
 

Сабота
Не судете за да не бидете судени (Мт.7,1). Каква болест е - оговарање и осудување! Сите знаат дека тоа е грев, па сепак  – во нашите зборови најчесто има само - осудување. Така, некој вели: „Не земај ми го тоа, Господе, за осудување“, па сепак своето осудување го спроведува до крај. Друг, пак, се оправдува со тоа што смета дека на разумен човек  му прилега да има свој поглед на она што се случува. Тој се труди да расудува ладнокрвно, меѓутоа  и прости луѓе во неговите зборови можат да забележат горделво и злорадо осудување. Меѓутоа, пресудата Господова за тој грев е строга и одлучна. Оној што го осудува другиот – нема оправдување. И како може да го има? Значи, како да се одбегне маката? Победоносно средство против осудувањето се состои во тоа самиот себе да се сметаш за осуден. Кој ќе се почувствува за таков, не ќе има кога да ги осудува другите. Од него само ќе може да се чуе:„Господе, помилуј ме! Господе , прости ми ги моите согрешенија!“

bogorodica.k.dol.jpg

Петок
Го прашале Господа зошто Неговите ученици не постат? Тој им одговорил дека за нив се уште не дошло времето да постат. Потоа преку приказна покажа дека, општо земено, строгоста на надворешното подвижништво треба да одговара на возобновнувањето на внатрешните сили на духот. Најпрво загреј го духот на ревноста, а потоа наложувај врз себе и строгост. Зашто, во таков случај во тебе владее нова внатрешна сила, којашто е способна полезно да ја издржи строгоста. Немајќи, ја пак, таквата  ревност и земајќи ја врз себе строгоста на животот, поради следење на примерот на другите или поради манифестирање на подвижништво, нема да стекнеш корист. Извесно време ќе се придржуваш до таквата строгост, а  потоа ќе  ослабнеш и ќе ја напуштиш. И ќе ти биде уште полошо одошто ти беше претходно. Строгоста без внатрешен дух исто е што и нова закрпа на стара облека, или ново вино во стари мевови. Закрпата ќе отпадне и дупката ќе стане  уште поголема. А виното ќе ги искине мевивите и ќе се пролее, а мевот ќе стане неупотреблив. Не значи дека строгоста не е потребна, туку само се напоменува дека треба да се сочува правилен поредок. Потребно е да се работи на пројавување на внатрешната потреба за неа. Строгоста треба да биде потреба на срцето, а не надворешен товар.

 

 

Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА

Извор: СВЕТОСАВЉЕ

 

Друго: sv.Nikita.Pereslavski.jpgОд Верскиот календар на МПЦ (06.06.2009) 

 

Предговор


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

« »

Православен календар

 

16/06/2026 - вторник

Петровденски пости; (пост со масло)

Светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула; Светиот свештеномаченик Лукијан; Светиот маченик Димитриј, принц руски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная