Скопје 19 мај 2010 год- Универзитетски кампус
Денес, 19 мај 2010 година, по повод одбележувањето на 24 Мај, денот на сесловенските просветители св. браќа Кирил и Методиј и 61 година од формирањето на најстариот универзитет во земјава „Св. Кирил и Методиј“, во универзитетскиот кампус во Скопје се отслужи Молебен посветен на светите браќата Кирил и Методиј, со кој чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
А во рамките на одбележувањето на патронатот на пригодна свеченост, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Велимир Стојковски, им врачи плакети на Универзитетот за 2010 година (за значајни остварувања во високообразовната, научноистражувачката и културната дејност, како и за афирмација на Универзитетот во земјава и странство), на генералниот директор на „Алкалоид“ АД - Скопје, Живко Мукаетов, и на прв човек на ДООЕЛ „Дасто“ од Скопје, Стојан Давчев, за потоа Ректорот да го врачи и звањето почесен професор на Универзитетот на професор д-р Пламен Легкоступ, ректор на истоимениот Универзитет во Велико Трново, Бугарија. Со пригодна уметничка програма настапи македонскиот византиски хор „Хармосин“.
Скопје, 19 мај 2010