логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  

 

   
Освојување на простор

  Прв дел – потсетување
 

            Деца, сите знаеме дека демонските понуди и предлози во вид на помисли, за задоволување на страстите, на почетокот изгледаат примамливи и лесни за спроведување во дело, како соодветни на човековата падната природа, но со нивното прифаќање и остварување човекот само продолжува да ги храни сопствените страсти и на тој начин останува заробеник на гревот, на демонот, на неуспехот и несреќата и болеста, а на крај и на смртта и на пеколот. Паѓајќи во грев и останувајќи во непокајание, човекот ја нарушува заедницата со Бог – од Кого и за Кого сме создадени – поинаку речено, останува без Неговата животворна благодат; и на крајот сфаќа, ако веќе не е доцна, дека таа заробеност или зависност, односно тој демонски јарем и бреме се всушност неподносливи. Прифаќајќи ги и носејќи ги демонскиот јарем и демонското бреме, човекот ги промашува смислата и предназначението на своето природно постоење да стане бог по благодат, и започнува да функционира противприродно.

            Што значи тоа да се функционира противприродно? Противприродно е ако со  начинот на животот ги храниме страстите, наместо да ги исцелуваме. На пример, наместо како болни од гордост и славољубие да го ставиме нашиот острастен ум во процес на исцеление преку послушанието, ние правиме сè спротивно од тоа: се поистоветуваме со нашите помисли, желби и чувства; се самораководиме; неправилно се исповедаме; озборуваме, судиме и осудуваме; се самооправдуваме; мислиме дека за сè сме во право; живееме без подвиг, во униние; кроиме планови за сопствена промоција, надвор од Божјиот план; се бориме за чинови, прво место и почести; завидуваме, не простуваме, па дури и мразиме; итн. Ова се ужасни примери на невосогласување на начинот на нашиот живот со првиот степен од духовниот развој (чистење на срцето од страстите), на кој се наоѓаме. И што е најстрашно од сè, сето ова што го набројав, преку навиката и стекнатата зависност се претворило во наша втора природа, и нашата паднатост, односно неприродност, ја чувствуваме како наша природна состојба. 

            Значи, задоволувањето на страстите и зависноста од тоа задоволство е причина за нашата болна состојба и грешност. Борбата за слава и власт (славољубие), борбата за пари и имот (среброљубие) и тежнеењето кон телесните наслади (сластољубие) многупати повторувани станале наша втора природа. Се наоѓаме под ропство на демонот, опијанети од привлечноста на гревот. Нашиот паднат и заробен ум е горд, расеан и затемнет, и не го познава Божјиот пат. Нашата волја и желба за добро се раслабени. Срцето, како наш духовен центар, е скаменето, бесчувствително. Демонот, соодветен на страста на којашто сме се потчиниле, будно го чува својот плен – влезот во духовниот центар на нашето битие. Такво срце стекнува човекот на кого задоволувањето на страстите и извршувањето на гревот преку навиката му станале втора природа.

Но, да се потсетиме, како сето ова може да ни се случи или како ни се случило.
 

Втор дел – сведоштво на светите Оттци

 
            Прво да повториме, како се развива процесот од појавувањето до прифаќањето на демонската помисла во нашето срце, затоа што зачеток на секој наш пад и духовно ропство се демонските помисли. Најнапред, помислата ни бива понудена во вид на предлог, па умот – заради расположение кон неа – може да стапи во разговор со неа, после што често следи прифаќање на помислата и нејзино симнување во срцето, од што се раѓа желбата таа да биде исполнета и спроведена во дело – доколку постои можност за тоа. Еве како тој процес одлично го опишува старец Софрониј (Сахаров):

            „Кај бестрасниот човек владеачкиот ум, како сила што го распознава битието, може да се сопре на помислата, останувајќи потполно слободен од нејзиното влијание. Но, ако во човекот постои место, ако постои одредена подлога, некакво расположение кон духот што се крие во помислата, тогаш дејството на помислите се движи да го освои психичкиот свет, т.е. срцето, душата на човекот. Помислата тоа го постигнува со тоа што во душата, расположена кон порокот, предизвикува извесно чувство на наслада, својствена на оваа или онаа страст. Во таа наслада и се содржи ‘искушението’. Тој момент на наслада, иако и сведочи за несовршенството на човекот, сепак сè уште не се впишува во грев. Тоа е само ‘предлагање’ на гревот.

            Понатамошниот развој на помислите би можел грубо шематски вака да се прикаже: насладата што ја предложува страста го привлекува вниманието на умот, што претставува многу важен момент, затоа што соединувањето на умот со помислата е погоден услов за нејзиниот развој. Доколку умот со еден внатрешен напор на волјата не ја отфрли предложената наслада, туку и понатаму го восредоточува своето внимание на неа, ќе се појави расположение кон неа, пријатен разговор со неа, а понатаму ‘прифаќање’, коешто може да прејде во потполно и активно ‘согласување’. Понатаму, страсната наслада може да се развие до таа мерка што да завладее со човековиот ум и волја. Ова се нарекува ‘ропство’. Потоа сите сили на човекот, победени од страста, се насочуваат кон поголема или помала решеност за остварување на гревот на дело – доколку за тоа не постојат надворешни пречки или, ако постојат, кон барање можности за такво остварување.

            Ваквото ропство може да биде единствена појава која повеќе не се повторува, ако е само последица на неискуството на монахот кој се наоѓа во подвиг и борба. Меѓутоа, ако ропството се повторува, ќе се претвори во ‘навика’, и веќе сите природни сили на човекот ќе почнат да ѝ служат на страста...

            За да се избегне ова, потребно е умот со молитва да се собере во срцето. Тоа е насушна потреба на секој подвижник што сака низ вистинско покајание (преумување) да се зацврсти во духовниот живот. Зашто, како што рековме порано, при такво внатрешно настроение, гревот се прекинува во самиот негов зачеток. Тука не може а да не се сетиме на зборовите на пророкот: ‘Ќерко Вавилонска, опустошителко. Блажен е оној што ќе ги зграби и ќе ги разбие од камен децата твои’ со името на Исус Христос (Псал. 136, 8–9)“.

 
Трет дел – објаснување

 
            Што е најбитно да запомниме од сето ова или зошто помислата успева да помине кај нас? Прво, кога нашиот непросветлен ум ќе стапи во контакт со предложената демонска помисла, влегува во опасност да ги разбуди и предизвика непреобразените страсти на душата – во зависност од видот на помислата, како и во опасност да стекне расположение кон демонскиот предлог. Второ, разговорот со помислата предизвикува одредена наслада кај страстите на душата, која пак наслада дополнително влијае на умот да остане во разговор со помислата. Во насладата се крие тајната на успехот на помислата. Трето, како што овој взаемен процес на привлекување меѓу насладата и разговорот со помислата продолжува, односно во која мера овој мисловен блуд се развива, во таа мера божествената благодат се повлекува од човековото срце – душа и ум, а демонот го зголемува своето влијание. Четврто, оние што се наоѓаат на степенот на очистување на срцето од страстите уште во самиот зачеток мора да го прекинат разговорот со демонот затоа што, како веќе острастени и зависни, се во голема опасност да се согласат со предложената помисла. Тоа е, според Евангелието, веќе пад – иако оние што се на првиот степен од духовниот развој (чистење) тоа сè уште не го чувствуваат освестено. Петто, повеќе пати повторениот пад (без оглед на тоа дали само во срцето или и на дело) предизвикува не само заробеност од која сакаме да се ослободиме туку – добро внимавајте! – и зависност од задоволството на гревот, како и стремеж кон негово остварување. Со други зборови, чинењето на гревот станува вкоренета навика и втора наша природа. Шесто, од она од што сме зависни многу потешко се ослободуваме, а зависноста како душевна болест е и предзнак за појавување на телесна болест. Седмо, токму оваа зависност ја предизвикува и ни ја покажува внатрешната поделба во нас: да знаеме дека е нештото грев, да знаеме дека не треба да го правиме, дури и да не сакаме да го правиме, а на крај да го направиме. Осмо, демонот го освојува просторот на нашата душа на краткорочна основа – преку наше прифаќање на неговите помисли, и на долгорочна основа – преку повторување и зависност од гревот. Деветто, демонот, за разлика од нас, сериозно и со посветеност ги извршува своите задачи. И десетто, тесен е патот што води кон Царството Небесно внатре во нашите срца, и малкумина врват по него.

            Деца, каде ние уште, во сето ова, ја препознаваме Божјата љубов? Ќе ве потсетам на едно конкретно случување од нашата борба, во кое сите имаме опит. На почетокот од духовната борба Бог го попречува исполнувањето на страста на дело. Може ние и да ја прифатиме помислата во срцето и да сакаме да ја оствариме, дури и да имаме можност за тоа, но Бог секогаш прави нешто за да нè попречи во остварувањето на нашата намера во дело. Значи, Он допушта само да видиме како делува помислата и во која состојба може да нè доведе – кога веќе тоа си го бараме, но не допушта и веднаш да паднеме. Бог ни дава знаци. Секако, ако ние ги игнорираме тие знаци и ако останеме упорни во намерата да ја оствариме прифатената помисла на дело, тогаш Бог го допушта и нашиот пад. Сочувувањето на печатот на Неговиот лик во нас, а тоа главно е нашата слобода, е основен предуслов за наше вечно благобитие и затоа приоритет во Божјата педагошка и образовна мистагогија.

Митрополит Струмички Наум

 

    

Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

17/05/2026 - недела

Св.маченичка Пелагија Тарсиска; Св. свештеномаченик Силуан, епископ Гаски; Преп. Никифор; Св. Баташки новомаченици ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная