На почетокот на второто полувреме навивачите на „Динамо“ во хор започнаа да извикуваат „Христос воскресе!“. Ним им одговараа илјадници навивачи на тимот „Локомотив“, коишто се наоѓаа на спротивната трибина. Тие исто така во хор извикуваа: „Навистина воскресе!“. Ова се повтори неколку пати.
Дописникот што присуствувал на фудбалски натпревари скоро 50 години рече дека ова е прво вакво случување во историјата на рускиот фудбал. За време на натпреварот кај навивачите на „Локомотив“ на трибината бил поставен огромен транспарент „Христос воскресе!“.
{flvremote}http://www.mpc.org.mk/rusija04042010.flv{/flvremote}
{flvremote}http://www.mpc.org.mk/rusija040420101.flv{/flvremote}Извор:Интерфакс
Преземено од МПЦ