Скопје, 7 април 2010 год- храм Рождество на Пресвета Богородица
На празникот на Благовештението , во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје се отслужи Архиерејска Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Деканот на Богословскиот факултет г.Ацо Гиревски, свештенство на храмот и епархијата.
На Литургијата Архиепископот благоволи и го ракоположи во чин ипооѓакон, а потоа во ѓакон, певецот Јорданчо Вељановски.