логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, Македонија - Во третата недела од Светата Четириесетница, во манастирската црква Св. Великомаченик Георгиј во Скопје - Криви Дол,  Неговото Високопреосвештенство митрополитот американско-канадски Методиј отслужи Света Божествена Василиева Литургија во сослужение на отец Горан Тасевски.

 

 
Во Името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Амин!
Возљубени браќа и сестри, законот Божји е вистинското средство за да го стекнеме сето она што е потребно за нашето спасение. Исполнувајќи го Законот Божји, вистински и посакуваме добро на нашата душа, зошто и Самиот Господ вели: “Кој сака да ја спаси душата своја, според оваа земна логика тој ќе ја загуби”. Зошто логиката на овој свет е самоугодувањето, оправдувањето, постојаното привлекување на сето она што е суетно и горделиво. Логиката пак на Царството Небесно, логиката на законот Божји, е исполнување во сè на Божјата правда. Затоа “оној којшто ќе ја загуби својата душа за овој свет, како што вели Господ во Евангелието, тој ќе го добие Царството Небесно”. Се што е устроено во овој свет, не е устроено за угодување на човечките земни потреби. Бог Го создаде овој свет, а и човекот заради Својата љубов и заради ништо друго. Заради таа иста љубов и ние треба да го исполнуваме во Божјата правда сето она што Бог ни Го заповеда. Ние сме сè уште истата таа замја којашто Бог со Своите раце ја обликува и го создаде Адам  првиот човек. Само што сега тоа е законот Божји којшто во нас го обликува човекот создаден за спасение. Ако гледаме само што е добро во овој свет, на кој начин можеме да ги задоволиме нашите телесни потреби, тогаш не сме ништо повеќе од безумни суштества. Зошто Бог не украси со ум, ни Го даде Својот образ, не создаде според своето подобие, токму затоа - да расудуваме и да го бараме спасението не според она што го привлекува  телото, туку она што ја спасува душата. Многу луѓе од овој свет се обидуваат да го направат христијанството угодно за човекот, да го направат комфорно, да го направат навидум убаво. Се обидуваат да ги оправдаат премисите на Божјиот закон сведувајќи ги на некаква светска философија. Меѓутоа сето тоа е бесполезно и напразно. Овој закон којшто Бог ни Го даде, со сето тоа што тој го содржи, со целиот аскетизам на нашиот живот: постот, молитвата, покајанието, исповедта, проштевањето, милосрдието, трпението сите тие нешта се истите тие Божји раце коишто не месат и не премесуваат за да не направат навистина достојни за Царството Божјо. Наше е пак како смирена глина, како хумус, како добра земја, да сакаме и да се радуваме што Бог тоа Го прави. Зошто тоа е носењето на крстот Божји. Не може да биде секогаш пријатно, некогаш сме исполнети со тага и со секакви нешта што го исполнуваат човечкиот ум, меѓутоа она што е најважно е тоа дека сите тие нешта се дел од Божјиот план, дел од Божјиот закон, а ние пак сме тие коишто се подготвуваат за Царството Небесно. Тоа е љубовта којашто се излева од Бога и влегува во  нас и љубовта којашто се излева од нас и оди кон Бога, е таа взаемна љубов, е таа прегратка на љубовта меѓу Бога и човекот, се гради, се создава и пресоздава во Царството Небесно.  Амин!

  

  

 

 Известува: Елена Јаневска

Извор: http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=980&Itemid=2

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

« »

Најнови вести

Православен календар

06/09/2026 - недела

Светиот свештеномаченик Евтихиј; Светиот маченик Татион; Светата маченичка Сира; Преподобен Арсениј Комељски; Свети Георгиј Лимниот (Езерски);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Јоаким Осоговски  29 август/16 август  2026

Тропар на светиот Јоаким Осоговски 29 август/16 август 2026

Богоносен оче наш Јоакиме, си се јавил како жител на пустината, ангел во тело и чудотворец. Откако преку 

Тропар на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) 28 август/ 15 август 2026

Тропар на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) 28 август/ 15 август 2026

Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како...

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август/6 август 2026

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август/6 август 2026

Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на Твоите ученици Твојата слава,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная