логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Sample Image

Sample Image


На празникот на Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски, 31.01.2010, недела, во храмот „Св. Атанасиј“  во Неготино беше отслужена Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

Sample Image

Sample Image

Sample Image

По завршувањето на  Литургијата, Архиепископот и Митрополитот Агатангел на покана на сопствениците на винаријата „Попова кула, која е една од најстарите и најдобри винарии во нашата држава, ја посетија винаријата.

Sample Image

Следејќи ги советите на своите консултанти од Франција, Крал Александар Караѓорѓевиќ не случајно одлучил да посади лозови насади во Македонија во околината на Демир Капија, регион каде се одгледувани врвни винови лози уште од дамнешни времиња. На падините со јужна експозиција западно од гратчето Демир Капија по совет на француските консултанти биле засадени првите лозови насади. На тие исти падини се подигнати  новите лозови насади, а тука е изградена  и винарската визба Попова Кула.
За време на Отоманското царство во околината на оваа локација постоела Бегова Кула, а покасно на оваа локација е изградена Поповата Кула по која е крстена и оваа локација. Вештите раце на каменоресците  од Пустец Албанија му дадоа душа на објектот.  Тој плени со убавина и импозантност. Во објектот е планиран и ресторан како и мотел. Природните убавини , луксузниот објект, близината на автопатот, инфраструктурата  како и преубавите вина овозможуваат овој винарски комплекс да прерасне во привлечно туристичко свратилиште сите оние кои престојуваат подолго или пак се на минување низ Македонија.
Демир Капија е еколошки и живописен крај. Демиркаписката клисура, железната порта, некогаш била единствената врата меѓу Егејот и Континентот. Регион  идиличен во довикувањето на претставата на недопрена природа - распослана во пресрет на Вардарската Клисура, разиграна со вливот на водите. Во подножјето на Кожув, извира Дошница, го позема од понорницата светлото на небесното видело и сончевината и ита кон Вардар. Играта на светлината и сенките се огледува во окото на гроздовите. Долината  е вистински туристички предизвик за мали и лагодни прошетки, но ја нуди и возбудата на виорот на јавањето. Близината на планината ја дава можноста за планинарење, планински велосипедизам и лов  Демиркаписките карпи и планини се царство на особено ретките птици што ги има само во овој крај.
Винарската Визба Попова Кула започна со производство на првокласно вино со бербата 2005 откупувајќи грозје од најдобрите лозови насади во околијата. Со висок критериум на избор на грозје, висока технологија за преработка и следење на текот на производството како и квалитетен  стручен тим создадени се висококвалитетни сортни вина: Вранец, Кабернет Совињон, Мерлот, Станушина и Совињон Бланк.. Со голема љубов кон она што Македонија може да понуди, создадено е румено вино од можеби единственото автохтоно грозје - Станушината, а кое со години е потиснувано и на кое му се заканува истребување.

Sample Image

Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=831&Itemid=32

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

« »

Православен календар

 

11/08/2025 - понеделник

Светиот маченик Калиник; Светата маченичка Серафима; Светата маченичка Теодотија; Светиот маченик Евстатиј Мцхетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. маченик Христов Калиник 11 август/29 јули  2025

Тропар на св. маченик Христов Калиник 11 август/29 јули 2025

Душата без Љубов животот не го поима,во таква вистина патот ти го помина,о свети мачениче Калиниче,сакајќи да го избавиш човекот...

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 10 август/28 јули  2025

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 10 август/28 јули 2025

Вие ученици на Божјото Слово,вие носители на Духот Свети,вие јагниња на колење поведени,Прохоре, Никаноре, Тимоне и Пармене,

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон  9 август/27 јули 2025

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 9 август/27 јули 2025

Од жестокоста на лавот кон милосрдието те поведе,Оној Кој за лекар те постави,двоумењето во тебе согоре кога виде дека Животот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная