02.02. 2010 год- Манастирска црква на св. в.мч. Георгиј Победоносец - Криви Дол, Скопје
Распоред за богослужби при храмот
св. в.мч. Георгиј Победоносец - Криви Дол
за месец фебруари 2010г.
03/21-среда- преп. Максим Исповедник; преп.Максим Грк; св.мч. Неофит;
(Свештенослужител при храмот, о. Горан Тасески).
СТОТИЦА ВТОРА
1. Оној што искрено Го љуби Бога се моли нерасеано, а оној пак, кој се моли нерасеано искрено Го љуби Бога. Но, не може да се моли нерасеано оној, чијшто ум е приврзан за нешто земно. И така, оној чијшто ум е приврзан за нешто земно не Го љуби Бога.
2. Умот кој долго се занимава со некаков сетилен предмет, има страст кон него: похота, тага, гнев или злопамтивост. И, оној што не го презрел тој предмет не може да се ослободи од страста.
3. Страстите, завладувајќи со умот, го приврзуваат кон матетријалните нешта, и откако ќе го одделат од Бога, го принудуваат да се занимава со нив. А кога со него ќе завладее Божјата љубов, таа го ослободува умот од оковите, убедувајќи го да ги презира не само материјалните нешта, туку и самиот претходен живот.
4. Како плод на исполнувањето на заповедите се јавуваат простите мисли за нештата, а плодот на читањето на Светото Писмо и созерцувањето е тоа што умот станува ослободен од материја и облици. А токму од тоа произлегува сосредоточената молитва.
5. За умот потполно да се ослободи од страстите и за да може да се моли без расеаност, не е доволно само практикувањето на добродетелите, ако тоа не е проследено со различни духовни созерцанија. Оти дејствувањето го ослободува умот само од невоздржаност и омраза, додека духовните созерцанија го избавуваат од заборавеноста и незнаењето. На тој начин умот се оспосо6ува да се моли како што треба.
6. Има две состојби најчиста молитва: едната им соодветствува на оние што се подвизуваат во искуството на добродетелите, а другата на оние што се подвизуваат во созерцанието. Првата возникнува во душата од стравот Божји и добрата надеж, а втората 6д Божествената љубов и повозвишената чистота. Признаци на првата се прибраноста на умот и неговото оддалечување од сите световни мисли, извршување на сосредоточена и од ништо непоматена молитва, како Сам Бог да стои пред нас, што навистина и се случува. Признак на втората состојба е обземеноста на умот од Божествената бескрајна светлина, при неговотоустремување кон молитвата, кога тој не се чувствува ниту самиот себеси, ниту било што друго, освен Еднствениот, Кој преку Својата љубов го исполнува со озарение. Тогаш, движејќи се блиску до логосите што се околку Бога, умот ги восприема чистите и јасни откровенија за Него.
7. Човекот се приклонува кон она што го сака, а се што го спречува да го постигне тоа, тој го презира, за да не се лиши од она што му е пријатно за срцето. Затоа оној што Го љуби Бога се грижи за чистата молитва, и секоја страст што ја попречува, тој ја отфрла од срцето.
8. Оној што го отфрла себељубието -мајката на сите страсти, со Божја помош, лесно ги отстранува и останатите страсти: гневот, таѓата, злопамтививоста и др. Обземениот од себељубие бива повредуван од него и од тие страсти, дури и без да го сака тоа. А себељубието е страсна приврзаност кон телото.