Богојавление
На денот на Богојавление, игуменот на манастирот на св. Прохор Пчински – отец Гаврил, отслужи Света Празнична Литургија, а потоа се изведе чинот на традиционалното фрлање на крстот во вода, при што среќата се падна кај Венјамин Шиниковски.
Тропар
Кога во Јордан се крштеваше Господи, се покажа Троично поклонение: зашто Родителскиот глас Те сведочеше Тебе, возљубен Син именувајќи Те, и Духот во вид на гулаб известуваше потврдување на зборовите. Тебе, Кој се јави, Христе Боже, и светот го просвети, слава Ти.
За празникот Богојавление:
Богојавление се празнува во спомен на Божественото Крштевање на Јордан од Јован на нашиот Господ Бог и Спасител Исус Христос. Светиот пророк Јован е роден шест месеци пред по тело да се роди Исус Христос. На неговите родители, благочестивите Захариј и Елисавета, архангелот Гаврил им возвестил дека од нив ќе се роди пророкот Божји, кој ќе ги подготви луѓето да Го примат Спасителот, заради што е наречен Предвесник Господов. Кога тој наполнил триесет години, почнал да проповеда покрај реката Јордан за скорото доаѓање на Христос. Народот од секаде приоѓал да ги слуша неговите проповеди за покајание и многумина се крштевале. Еднаш, заедно со останатите, на Јордан дошол и Исус за да биде крстен од него. А, Јован Го одвраќаше: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли доаѓаш?“ Но, Исус му одговори и рече: „Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.“ Тогаш Јован Го остави. Според Преданието на Црквата, Јован потопувал во вода до вратот секого кој доаѓал да се крштева и го држел така додека тој не ги исповедал сите свои гревови. Христос, бидејќи без грев, излегол од водата веднаш, како што е кажано во Евангелието. И кога излегувал од водата, Јован видел како се отвораат небесата и Светиот Дух во вид на гулаб како слегува врз Него. И се слушна гласот од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.“ И Јован посведочи дека Он е Син Божји. Во тој ден се објави Светата Троица: Бог Син Кој се крштеваше во водите Јордански, Бог Дух Свети Кој слегуваше врз Него во вид на гулаб, Бог Отец Кој посведочи велејќи: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја“. Затоа, празникот на Крштението Христово се нарекува и Богојавление. Со Своето Крштевање во Јордан Господ ја освети природата на водата, и ја востанови Тајната на Светото Крштение – прва од Светите Тајни во којашто учествува човекот кој влегува во Црква.
Theophany of our Lord and Saviour Jesus Christ
On the day of the Theophany of our Lord and Saviour Jesus Christ, the abbot of the monastery of St.Prohor Pchinski – father Gavril, served a Holy Festive Liturgy. After that was done the traditional custom of throwing the cross into the water and the lucky one who got it was Benjamin Shinikovski.
Troparion
At Your baptism in the Jordan, O Lord, worship of the Trinity was revealed, for the Father’s voice bore witness to You, calling You His “beloved Son”, and the Spirit in the form of a dove confirmed the truth of these words. O Christ God, Who appeared and enlightened the world, glory be to You!
On Epiphany:
Epiphany is celebrated in memory of the Divine Baptising of our Saviour and God Jesus Christ, the act that has been done by John the Baptist, on the river Jordan. The Holy Prophet John was born six months before the incarnation of Jesus Christ. Archangel Gabriel brought the good news to his parents, venerable Zachariah and Elizabeth, that God’s Prophet who will prepare the people to receive the Saviour, will be born from them. Because of that, he will be called the Forerunner of the Lord.
When John was on his age of thirty, he started to preach about the soon coming of Christ, on the banks of the river Jordan.People from everywhere were approaching to listen his sermons for repentance, and many were baptised. One day, together with the other people Jesus Christ came to be baptised in the water of river Jordan. But John tried to deter him, saying, “I need to be baptized by you, and do you come to me?” Jesus replied, “Let it be so now; it is proper for us to do this to fulfil all righteousness.” Then John consented. In accordance to the Tradition if the Church, John was dipping everyone in the water up to his neck, keeping him in the water till the one confessed all of his sins. Jesus Christ, because He was with no sin, came out of the water immediately, as it was said in the Holy Gospel. And while Jesus Christ was arising over the water, John saw how the Heaven opened, and the Holy Spirit in a form of a dove landed on Him. And a voice from the Heaven said: “He is My beloved Son, Who is by My Will”. Then John witnessed: “Truly, He is the Son of God.” That day the Holy Trinity was announced: God Son Who was baptised in the water of Jordan, God Holy Spirit who came down on Him as a dove, God Father Who witnessed the words: “He is My beloved Son, He, Who is by My Will”. That is why the day of Christ’s baptising is called Epiphany, the Appearance of God. By His baptising in Jordan, Lord Jesus Christ blessed the nature of water, and founded the Mystery of Holy Baptism – the first of the Holy Mysteries, in which the man who enters the Church takes part.