ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА
СВЕТИ ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ
6 И 7 МАРТ
2 ДЕНА СОЛУН И МЕТЕОРИ
Скопската епархија со благослов на Негово Блаженство Архиепископот г.г. Стефан организира поклоничко патување во чест на свети Димитриј Солунски.
1 ден сабота (6 март). Состанок со групата во 03.30 часот пред храмот Све¬та Богородица, спроти МАНУ, па заминување кон Гевгелија и граничниот премин Богородица - Евзони. Пристигнување во Солун е предвидено околу 08.00 часот. Најпрвин ќе се посетат храмовите: Свети Димитриј Солунски, Света Софија и Свети Григориј Палама, а потоа разгледување на градот по слободен избор, до 15.30 часот по македонско време, по што групата ќе се состане, во 15.40 часот, пред Белата кула или Беас куле. Следи патување за Катерини.
2 ден недела (7 март). Будење во 06.30 по македон¬ско време, а потоа заминување за Метеори, на разгле¬дување на манастирите: најпрвин ќе се посети една работилница за изработка на црковни предмети и икони според древ¬ната црковна традиција, а потоа манастирите: Свети Стефан и Свето Преображение или Голема Метеора. Во 14.30 часот е предвидено враќање за Скопје, а при¬сти¬г¬нувањето во Скопје се планира во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.500 денари. (за оние кои имаат СТАРИ ПАСОШИ, А ЗА ОНИЕ КОИ ИМААТ БИОМЕТРИСКИ 3.000). Во ова цена се вклучени: виза, патничко осигурување, автобуски превоз и едно ноќевање во хотел со доручек (06 март).
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ВИЗА ЗА СТАРИТЕ ПАСОШИ:
ЗА ВРАБОТЕНИ: Пасош (со важност од минимум 6 месеци од денот на враќањето), копија од пасошот, 1 слика (пасошки формат), оргинал М1/М2 + копија, здравствена книшка + копија,
ЗА СТУДЕНТИ: Пасош (со важност од минимум 6 месеци од денот на враќањето), копија од пасошот, 1 слика (пасошки формат), оргинал М1/М2 + копија, од родител, здравствена книшка + копија, индекс + копија од индекс (стр. 1-2), копија од страницата каде што е заверен семестарот, потврда од факултет дека е редовен студент.
ЗА ПЕНЗИОНЕРИ: пасош (со важност од минимум 6 месеци од денот на враќањето) + копија, една слика (пасошки формат), копија од последниот чек за пензија и здравствена легитимација + копија (стр. 3-4).
Последен рок за пријавување е 25 февруари 2010 година.
За сите информации може да се обратите на Проф. Момчило Павловиќ секој ден по 14.00ч. на тел. 070 582 588 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.