Храмот на св. Јован Крстител, н. Капиштец, Скопје
На 20 јануари, кога Светата Црква го празнува Соборот на светиот славен пророк, претеча и Крстител Јован, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на свештенството од Скопската епархија отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, во Скопје. На почетокот од Божествената Литургија, Архиепископот г.г. Стефан го произведе во чтец, дипломираниот богослов Игор Наковски, а потоа на Божествената Литургија го ракоположи во ѓаконски чин .На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По вчерашниот Богојавленски празник Светата црква востанови денешниов ден да му го посвети на Свети Јован, претеча и крстител. Овој празник се празнува ширум христијанскиот свет, а во Македонија има особено почитување, изјави поглаварот на Македонската православна црква г.г Стефан по Златоустова литургија во манастирот Св.Јован Крстител со која богослужеше по повод празникот Собор на свети Јован Крстител.
- Скоро да немаме крај каде што не е изграден храм, каде што не е посветено светилиште на големиот пророк и претеча Господов Јован. Денес еве овде во храмот посветен нему овде во Капиштец во преполнета црква му се помоливме на големиот праведник за нас и за сиот наш народ, додаде г.г.Стефан.
На денот на св. Јован Крстител
Лето Господово 2010