Храмот на св. вмч. Димитриј, Скопје
Тропар на празникот, глас 1.
Кога се крштеваше во Јордан, Господи, на светот му се откри Света Троица: зашто гласот на Родителот сведочеше за Тебе, именувајќи Те возљубен Син. И Духот, во вид на гулаб, ја потврдуваше вистинитоста на Неговите зборови. Христе Боже, Кој се јави и светот го просветли, слава Ти.
Денес, кога Светата Црка го слави празникот на Свето Богојавление на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на свештенството од Скопската епархија отслужи Божествена Литургија во храмот на св. вмч. Димитриј во Скопје. Многубројниот верен народ се причести со Свете Христови Тајни.
По отсужуената Божествена Литургија во храм на св. Димитриј во Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, , го изврши чинот на Голем Богојавленски водосвет, по што беше фрлен крстот и беа осветени водите на реката Вардар. На манифестацијата присуствуваше и премиерот Никола Груевски, како и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Скопје, на денот на Свето Богојавление.