Кембриџ, Канада - На 14 јануари, кога Македонската Православна Црква ја празнува Јулијанската нова година, Обрезанието Христово, Св. Василие Велики, во МПЦ Св.Мала Богородица, во Кембриџ, беше отслужена Света Архиерејска Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит г.Методиј, во сослужение на Архиерејскиот намесник за канадското намесништво протоереј-ставрофор Трајко Босеовски, парохискиот свештеник протоереј Гоце Деспотовски и ѓакон Стеван Барјактаров.
Неговото Високопреосвештенство на присутните им ги честита празниците, а на оние кои го носат името на Свети Василие им го честита именденот.
известува: ѓакон Стеван Барјактаров
Извор: http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=953&Itemid=2