Христос се роди!
Со овој радостен поздрав, ние верниците од Македонската православна црковна опстина “Успение на Пресвета Богородица” од Лос Ангелес, заедно со учениците од неделното училиште кои на крајот од светата Литургија изведоа свечена академија по повод големиот празник, на сите православни христијани им го честитаме радостниот празник. Воедно им посакуваме, Светлината од витлеемската пештера која засветли од лицето на Богомладенецот Христос, да се всели во срцата на сите луѓе, да го познаат Бога и да му воздадат слава во висините а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја.