Во манастирот на св.Прохор Пчински, Рождество на Господ Исус Христос беше прославено со Света Божествена Литургија, на која верните се причестија со Светите Тело и Крв Христови. После Литургијата, верниот народ празникот го прослави и со трпеза на љубовта, каде духовната беседа продолжи.
Kондак
Дева денес Надсуштествениот Го раѓа
и земјата Му принесува пештера на Непристапниот,
ангелите со пастирите славословуваат,
а мудреците со ѕвездата патуваат,
зашто, заради нас, се роди Младенец,
Предвечниот Бог.
+ ХРИСТОС СЕ РОДИ +
Kontakion
Today the Virgin gives birth to the Transcendent One,
And the earth offers a cave to the Unapproachable One!
Angels with shepherds glorify Him!
The wise men journey with a star!
Since for our sake the Eternal God was born as a Little Child!
+CHRIST IS BORN +