7 јануари 2010 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски, Скопје.
Тропар, глас 4.
Раѓањето Твое Христе Боже наш, светот го озари со светлина на богопознанието; преку неа служителите на звездите, се учеа од звездата да Ти се поклонуваат Тебе- Сонце на правдата, и да Те познаат, Истоку од висините: Господи, слава Ти.
Во триесет и првата неделе по Педесетница, на празникот на Рождеството Хрисотово, во соборниот храм на свети Климент Охридски во Скопје Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија. На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
На Литургијата присуствуваа и претседателот на Р.М. Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумов, министерот за правда Михајло Маневски, претседателката на Комисијата за верски заедници Валентина Божиновска, евроамбасадорот Ерван Фуере, како и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и други личности од јавниот живот во земјата.
Христос се роди!
- Денеска е Божик, денот на Христовото раѓање, ден кога сакам да посакам на сите граѓани многу повеќе да имаат здравје, среќа, радост и успеси. Да посакам оваа година повеќе да си веруваме себе на своите можности, но и повеќе да им веруваме и на другите бидејќи без верба меѓу нас потешко ќе одиме напред и потешко ќе ги остваруваме нашите цели. Посакувам исто така оваа година посплотени и поздружени да се бориме со предизвиците што ни доаѓаат за нивно надминување и за постигнување на нашите цели како држава и како нација. Христос се роди! Навистина се роди!, изјави премиерот Груевски.
Соборен храм на денот на Рождеството Христово.