На 20 декември (стар стил)/02 јан(нов стил) кога Црквата го празнува еден од нејзините најголеми отци- светиот Игнатиј Антиохијски- Богоносец, во храмот на светиот Георгиј Кратовски во Детроит празнично се прослави со света Богослужба.
Светиот Игнатиј е голема радост за голем дел од нашите парохјани, а таа радост ја споделуваме со сите вас со мал фотографски матерјал од храмот во изградба посветен нему, во Р Македонија.
Храмот се гради во манастирскиот комплекс на Успението на Мајката Бозја во ресенското село- Јанковец, на самиот стар римски пат- Виа Игнациа(патот на Игнатиј кој го изминал од Антиохија до Рим за да пострада во римскиот Колосеум) и кој поминува баш тука.
За Преминпортал, известува од Детроит : Марјан Радевски