„Дому Твоему подобает Свјатиња Господи, в долготу дни!“
Кога монах Саватиј ми ги покажуваше Светињите во Манастирот, тој посебно истакна и неколку икони кои се од посебно значење. Најважната икона за Манастирот е огромната икона на Св.Јов Почаевски, основачот на печатарската дејност, која монасите ја носеле со себе додека патувале од едно место во друго за време на тешките периоди во Русија и Украина, а на крај ја донесле во овој Манастир кога пристигнале во Америка. Копија од оваа икона со вградени мошти се чува во долната манастирска Црква, а оригиналот е поставен во печатницата.
Други посебно значајни икони се: Иконата на Пресвета Богородица - копија од чудотворната икона која се јавила со чудесен сноп на светлина околу неа (кој е изобразен како рамка на оваа икона), како и Богородичната икона која сама се реставрирала (тоа може подобро да се забележи кога одблиску ќе се погледне).
Оваа прекрасна икона, пак, на која е изобразен Покровот на Пресвета Богородица, содржи еден детал кој ја прави навистина бесценета! Во неа е вградено парче од наметката на Пречистата Богомајка! Пресвета Богородица, спаси не!
Недалеку од Манастирот Света Троица, постои женски конвент „Св.Елисавета“. Тука живеат четири монахињи. И тамошната Црквичка изобилува со Светињи!
Во неа се чуват мошти на Св.Николај Мирликиски, Св. Нектариј Егински, Св.Василиј Кинешемски, Св.Преподобномаченица кнегиња Елисавета и монахиња Варвара, Св. Доситеја, Св.Андреј првоповикан, Св.првомаченик Стефан, Св.маченик Лонгин, Св.Трифун, Св.Игнатиј Богоносец, Св.Алексиј човек Божји, Св.Акакиј, Св. Ѓорги победоносец, Св.Кипријан, Св.Јустина, Св.Јован Златоуст, Св.Лаврентиј, Св.пророк Јеремија, Св. Великомаченица Варвара, Св.апостол Матеј и други светии.
(Продолжува)
Подготви: С.Л.
Јако да царја
{mp3}Jako_da_carja{/mp3}
Јединородни сине
{mp3}Jedinorodni_Sine{/mp3}
Тропар на воведение
{mp3}Tropar_na_vovedenie{/mp3}
Задостојник
{mp3}Zadostojnik{/mp3}
Друго:
- ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (1)
- ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (2)
- ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (3)