ГО ПРОСЛАВИВМЕ СВ. НИКОЛА - ’’ПРАВИЛО НА ВЕРАТА…’’ Тотова
Прослава на 12.20.2009 год. за Свети Никола.
Храмова слава на Светиот Николај – Архиепископ Мирликијски-Чудотворец, свечено е прославена со света Божествена Литургија во храмот посветен на ’’Свети Никола’’ во Тотова Њу Џрзи.
Во прилично голем број денес парохјаните дојдоа на Светата Литургија, молитвено да го прослават Светиот отец Николај.
Светата Литургија ја отслужи парохискиот свештеник, отец Марјан Димитриевски.
Во беседата, отецот говореше за житието на Свети Никола и го протолкува тропарот на светецот:
Во тропарот на Свети Никола пеевме и слушавме дека овој Свет Отец бил правило на верата и образ на кротоста, кога ова ќе го изговориме треба и да се запрашаме.
Што значи ова?
Свети Никола бил правило на верата, зашто ја чувал христијанската православна црква. Чувајќи ја верата за време на првиот вселенски собор, (325 г. во Никеја) дошол во судир со Ариј, Светиот отец Никола го довел во прашање и својот Епископски чин, но поради овоа самиот Господ го зел во заштита, прикажувајќи се на Епископите од собирот, Тој го чува Светиот отец Никола, затоа што тој го прославува Господа.
Црквата не учи и дека Свети Никола бил образ на кротоста, зашто бил послушен и верен до смрт на Христа, па поради тоа стекнал и кротост во животот. Како таков и денес го величаме и славиме.
По светата литургија беше пресечен славскиот колач, со овогодишниот кум (Лидијана Јанческа) а се избра и нов кум (Гордана Рунтески) за наредната година.
Потоа сите се упативме кон црковната сала на празничната трпеза на љубовта, подготвена од кумот Лидијана и женската секција.
Известува: презвитера Анкица