Заменик на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија се сретна со претседателот на Р.Македонија
(09.12.2009)
На 7 декември претседателот на Република Македонија Ѓ. Иванов го прими во својата резиденција заменикот на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија протоереј Николај Балашов, којшто пристигна во Скопје со благослов на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил.
Во средбата исто така учество зеде и Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија В. Д. Солоцински.
Отец Николај му ги пренесе на Ѓ. Иванов и на народот на Македонија, којшто тој го претставува, благопожелбите од Поглаварот на Руската Православна Црква, а исто така и од претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија архиепископот Волоколамски Иларион.
Темите на разговорот, кој што траеше повеќе од час, беа меѓусебните односи на македонскиот народ со едноверните народи, коишто духовно ги раководи Московската Патријаршија, а исто така и развојот на духовните и културните врски меѓу Русија и Република Македонија. Особено беше допрена темата за планираното одржување на Деновите на руската духовна култура на Балканот. Беше истакната постојаното неминливо значење на духовната традиција на Православието, коешто ги воспитува народите на нашите земји врз основа на заеднички погледи и заеднички вредности, одбележани со многувековни историски врски, што се искачуваат кон една источнословенска цивилизација, важните духовни центри како што се Охрид и Киев.
Претседателот Ѓ. Иванов пројави исто така интерес за позицијата на Руската Православна Црква по прашањето за регулирање на канонскиот статус на Православната Црква во Република Македонија. Беше изразено заедничкото мислење во врска со неопходноста за понатамошен развој на дијалогот со Српската Православна Црква и надминување на поделбата, којашто го ослабува сведоштвото на Православието и целосноста на вселенското семејство на православните народи.
Московската Патријаршија постојано се залага за регулирање на ова прашање по пат на братски дијалог на православните Македонци со Српската Патријаршија во дух на евангелска љубов и врз основа на канонското предание на Светата Црква.
Служба за комуникации на ОНЦВ
Извор: Mospat.ru
Преземено од МПЦ