логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Stefan.Petkovden.jpg

Скопје, 13 ноември 2009 г.(МИА) - Под мотото „Замисли ја Македонија во зелено“ денеска на 120 локации во 32 општини во Македонија  беа засадени 7,5 милиони садници на површина од 3.674 хектари во рамки на четвртата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.

 Stefan.Petkovden.jpg

 Stefan.Petkovden.jpg

 

Претседателот на државата Ѓорге Иванов засади дрвце пред салата „Борис Трајковски“, а премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на Ајватовски Рид во атарот на селото Мршевци.

Премиерот Груевски смета дека акцијата е добра од повеќе аспекти меѓу кои заштита на животната средина, здравјето на луѓето и подигнувањето на свеста кај младите и нивниот однос кон природата. Тој изрази надеж дека акцијата ќе стане традиционална и оти од година во година Македонија ќе станува се позелена.

- Станавме пример во регионот и пошироко и почнаа да не следат и други држави. Цврсто верувам дека во иднина целиот Балкан, а можеби и пошироко ќе ја прифати оваа акција и ќе почнат да не следат и во овој дел, рече Груевски додавајќи дека додека е на функција масовно ќе ја поддржува акцијата.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески засади дрвце во местото Рудине, во близина на селото Нова Брезница,  а вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на Ајватосвки рид во близина на селтото Ајватовци.

 Stefan.Petkovden.jpg

 

Министерот за правда Михајло Маневски и заменикот-премиер и министер за правда на Словачка Виера Петрикова засадија дрвца пред салата „Борис Трајковски“, а на различни локации низ државата дрвца засадија и вицепремиерот Абдулаќим Адеми во Дебар, министрите за образование и наука Никола Тодоров во Крива Паланка,  за транспорт и врски Миле Јанакиески во Охрид, за информатичко општество Иво Ивановски во месноста Билбил камен, Битолско. Дрвца засадија и градоначалниците од повеќе општини, пратеници, припадници на АРМ, ученици, невладини организации, компании, ....

Иницијаторот на акцијата операскиот пејач Борис Трајанов е задоволен од денешната акција и од излезноста на граѓаните. - Секаде имаме добри резултати. Во некои градови има помала излезеност, но затоа има насадени многу садници, рече Трајанов и додаде дека и овој пат Македонија покажала дека е соединета.

Директорот на „Македонски шуми“, Жарко Караџовски смета дека одѕивот е одличен и оти народот масовно учествува во акцијата. Тој информира дека најмногу се садат дрвца од сортите багрем, чемпрес и зимзелени дрвца кои опстануваат на овие простори.

За помасовно учество во акцијата Владата го прогласи денешниот ден за неработен, што ќе се одработи во сабота на 21 овој месец.

Во досегашните три акции беа засадени вкупно 13 милиони садници. Првата акција беше спроведена на 12 март 2008 година кога беа засадени два милиони дрва. По шест месеци, на 28 октомври 2008, беше организирана и втората со засадување шест милиони садници, а на 14 март 2009 беа засадени уште пет милиони дрвца.

Во првите две акции се зафатиле 57,5 отсто од садниците. Според проценката на шумарските експерти, секое пошумување со над 30 проценти зафатеност, се смета за успешно.

Во досегашните три акции излегле 450.000 граѓани, а се пошумени вкупно 5.080 хектари со црн и бел бор, смрека, ела, костен, јавор, јасен, даб и див костен. 

Организаторите планираат нова пролетна акција која ќе биде на балканско ниво, на која покрај Македонија ќе учествуваат и Албанија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија. сс/бак/15:40

 Stefan.Petkovden.jpg

 Stefan.Petkovden.jpg

 Stefan.Petkovden.jpg


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

18/06/2026 - четврток

Петровденски пости; (пост со масло)

Св. свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски; Преп. Теодор Пустиник; Преп. Анувиј; Блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная