Македоската црква Свети Никола во Виндзор, Канада на 10 октомври 2009 година ја одржа Четвртата свечена членска вечера. На околу 250 присутни членови со поздравен говор им се обрати парохискиот свештеник прото-ставрофор д-р Александар Мустеников истакнувајќи го задоволството и радоста од големата слога, мир и братска љубов кои владеат во оваа заедница. Потоа претседателот Менде Талески ги информира присутние за успесите што ги постигнува оваа установа на верски, општествен и кутурен план, под негово и водството на сегашната црковна управа. Притоа на традиционален, бурно поздравен од публиката начин, со палење на последниот извештај од банката, тој објави дека нашата црква успеа да го отплати и последниот долар од долгот према банката.
Во рамките на свечениот дел од вечерта, по трет пат беше доделена наградата за животно достигнување која годинава му припадна на господинот Крис Васов. Господинот Васов е еден од пионерите и иницијаторите на организираното дејствување на македонците во дијаспората.
Тој е познат деец кој целиот свој живот го посветил на борбата за признавање и зачувување на македоската нација, култура, вера и традиција.
Во забавниот дел настапија црковната музичка група « Серанада » и детската женска играорна група.
Г. Стефанов