На 31-11-2007г. во 20 часот, во галеријата „Мала станица“ во склоп на изложбата на визуелна поезија насловена „Санктус“ на митрополитот Методиј Златанов, се одржа промоцијата на книгите “Рацин и богомилите“, “Вавилон и Ерусалим“ и “Време“ од истоимениот автор, Митрополитот американско-канадски Методиј.
Делото “Рацин и богомилите“ е интегралната магистерска теза на авторот, додека делата “Вавилон и Ерусалим“ и “Време“ се зборници од веќе објавени текстови (написи, колумни, есеи) во различни печатени и електронски медиуми.
Во една исклучително пријатна и пријателска атмосфера помина промоцијата на трите книги на Митрополит Методиј, која беше конципирана повеќе како средба со самите читатели, отколку како класична промоција. После брилијантното изложување и вовед од страна на авторот, присутните гости имаа можност да поставуваат прашања и беа видно воодушевени од одговорите на авторот.
- Ова е часот на нашиот труд, да се одговори позитивно на призивот да се учествува во креативноста на божествениот шестоднев и во бестрасната констатација на Творецот дека сé што е создадено е навистина убаво. Личниот аскетски подвиг на човекот е естетски чин. Спасението е креативен чин. Духовното преображение и растење во светоста е уметност par excellence – рече отец Методиј.
+++
Вечерва (31-11-2007г.) во 20 часот, во галеријата „Мала станица“ во склоп на изложбата на визуелна поезија насловена „Санктус“ на митрополитот Методиј Златанов, ќе се одржи промоција на книгите “Рацин и богомилите“, “Вавилон и Ерусалим“ и “Време“ од истоимениот автор, Митрополитот американско-канадски Методиј.
Делото “Рацин и богомилите“ е интегралната магистерска теза на авторот, додека делата “Вавилон и Ерусалим“ и “Време“ се зборници од веќе објавени текстови (написи, колумни, есеи) во различни печатени и електронски медиуми.
“Со нашето секојдневие, со трудот што го вложуваме и надежите што ги градиме во себе, ние незапирливо се приближуваме кон таа темпорална точка, кога време нема да има повеќе. А сега, во овие благословени историски рамки, во овој ден, во овој делник е часот на нашиот труд. И токму тоа е суштинскиот мотив за нашата креативност. Потребата од создавање и чување на создаденото се темели на уверувањето, т.е. верата, дека крајот на историјата не е крај и на нејзината содржина, туку премин од еден во друг квалитет на постоење. Еден во друг квалитет на убавина. Спасението е плод на крајна истрајност во креативниот труд. Спасението не се очекува, туку се создава“.
Митрополит Методиј Златанов
Посети: {moshits}