По повод патрониот празник на црковната општина св. Злата Мегленска и прославата на 15- годишнината од формирањето на истата, деновиве во Загреб допатува надлежниот архиереј г. Пимен. Престојот во Загреб и ЦО св. Злата Мегленска, митрополитот го искористи и за остварување на некои официјални средби.
После кратката средба со парохискоит свестеник о. Кирко Велински и црковниот одбор, неодамна во Риека, и нивната препорака за средба со градските власти, денес на 24.10.07 бесе остварена средба со градоначалникот на град Загреб г. Милан Бандиќ и неговите соработници: шефот на протоколот г. Стипе Зеба, прочелник за урбанизам г. Ивица Фањек и прочелницата за имовинско правни односи г-ѓа Нинослава Зековиќ од една страна и делгација на МПЦ предводена од владиката Пимен во состав о. Кирко Велински,г-ѓа Стојанка Тежак, г. Невен Сукаровски, г. Иван Липитков, и г-ѓа Јулијана Кенинг. На средбата беше иницирано прашањето за изградба на храм на МПЦ во Загреб. На општа радост на сите г. Бандиќ информираше дека за ветувањето дадено на претходната средба минатата година веќе има и конкретни преземени чекори и се надева дека веќе во наредната година и ќе дојде до реализација на истото. Г. Бандиќ искористи и при оваа средба да ја истакне добрата соработка со македонското население во Хрватска, а и да изрази сочувство до целиот македонски народ по повод трагицната смрт на од нас прерано преселениот во вечноста, во Христа брат, Тоше Проески.
Средбата беше медиумски покриена од мноштво електронски и печатени медиуми.
Делагацијата на МПЦ беше примена и од генералниот секретар на Комисијата за односи со верските заедници г. Фрањо Дубровиќ, при што од името на Европската епархија му беше доделена благодарница за досегашната одлична соработка и добиот третман на МПЦ во Р Хрватска.
Известува: Стојанка Тежак