На празникот на Успение на Пресвета Богородица во Македонската православна црква Свети Никола во Виндзор, Канада, прото-ставрофор
д-р Александар Мустеников во сослужение на ипо-ѓаконот Димитар Башевски отслужи Божествена Литургија, по која прекрасно беседаше за значението на овој празник. Потоа ја освети и прекрши празничната погача принесена од годинашните кумови, фамилијата на Јагода Тхиберт.
Непосредно пред празникот, беше завршено живописувањето на северниот ѕид, на кој се наоѓаат компзиции од Богородичните празници, со што беше комплетирана втората фаза од живописот на црквата.
Известува Г. С.