На ден 28.08.2009 година, кога Светата Црква го празнува празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица, во Соборниот храм на Македонската Православна Епархија за Европа, (кој е во изградба, посветен на Свети Наум Охридски- Малме – Шведска, парохискиот свештеник Прота-Ставрофор Блажо Кожарски во сослужение на ѓаконот Илија Спасевски отслужи Света литургија. На крајот од Светат литургија верниот народ се причести. Потоа беше благословено петолебие и беа благословени и прекшени празничните лебови. За значението на празникот и задачите и обврските на секој од нас за довршување на храмот зборуваше о. Блажо Кожарски, кој посебно се здржа на активностите на Црковнта Општина што следуваат во овој дел од годината.
Известува:Прота-Ставрофор Блажо Кожарски