Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква на својата редовна седница одржана на 30 јули 2009 г. во просториите на македонската архиепископија - Скопје, разгледа повеќе парашања од тековниот живот на нашата Црква.
Синодот го одобри издавањето на Служебникот, со паралелен текст, на македонски и црковнословенски јазик, како второ корегирано и ревидирано издание на САС на МПЦ. Исто така, беа избрани и потврдени наставните кадри во Македонската православна богословија.
Архиереите на Македонската православна црква апелираат до сите граѓани, политичките партии, владините и невладините организации, да се почитуваат Уставот и законите на Република Македонија, и на тој начин да ја докажеме лојалноста кон државата и нејзините институции, а особено во периодот на приближување на нашата земја кон европските организации и исполнување на бараните критериуми за наше побрзо интегрирање во семејството на европските народи.
КАНЦЕЛАРИЈА НА САС НА МПЦ
{moshits}