21 Јули 2009 год. - храм на св.мчн. Димитриј, Скопје
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 57)
Во тоа време гласот за Исуса дојде и до Ирода, четворовласникот; и им рече на своите потчинети: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал, па затоа и стануваат чудеса преку него.“ Зашто Ирод, кога го фати Јована, го врза и го фрли во затвор заради Иродијада, жената на брата му Филипа; бидејќи Јован му велеше: „Не бива да е твоја!“ И сакаше да го убие, но се боеше од народот, оти го сметаа за пророк. А кога беше родениот ден на Ирода, ќерката Иродијадина играше пред гостите и му угоди на Ирода; затоа, тој со клетва ѝ вети дека ќе ѝ даде што и да побара. И таа, научена од мајка си, рече: „Дај ми ја овде на табла главата на Јована Крстител!“ И се загрижи царот; но, заради клетвата и гостите свои, нареди да ѝѝ ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на мајка си. Учениците, пак, негови, како дојдоа, го дигнаа неговото тело и го погребаа; па отидоа и Му јавија на Исуса. Штом го чу тоа Исус, замина оттаму на кораб, во пусто место, Сам; а народот, штом узна за тоа, тргна по Него пеш од градовите.
Божествена Литургија
Во седмата недела по Педесетницана, на денот кога Светата Црква го слави споменот на светиот великомаченик Прокопиј , во храмот на св.вмч. Димитриј, во Скопје, старешината на храмот, отец Владимир Кралев, отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата
Во разговорот со отец Владимир за позначајните активности на братството на храмот на св. вмч. Димитриј, би ги издвоиле активностите во организирањето на почетен курс за изучување на рускиот јазик , за деца на возраст до 14 години. Одлична замисла која заслужува внимание и поддршка.
Посети: {moshits}