логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 sv.KiriliMetodij2.jpg

Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни     24/05/2009

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ.

По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.


„Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака? “

 

sv.KiriliMetodij3.jpg
Македонија во чест на свети Кирил 

 

 Свето Евангелие од светиот апостол Јован 34

Во она време кога одеше Исус, виде еден слеп човек од неговото раѓање. Учениците Негови Го прашаа ирекоа: „Рави, кој згрешил? - тој или родителите негови, та се родил слеп?” Исус им одговори: „Ни тој, ниту родителите негови згрешиле, *туку за да се јават делата Божји врз него. Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е уште ден; оти настапува ноќ, кога не ќе може никој да работи. Дури сум во светот, Јас сум *Светлина на светот.” Штом го рече тоа, плукна на земја, направи кал со плунката и ги намачка со неа очите на слепиот, и му рече: „Отиди и измиј се во бањата Силоам, што значи: ,пра-тен’!” Тој отиде, се изми и дојде прогледал. А соседите и оние, што порано го беа гледале како слеп, рекоа: „3ар не е овој што седеше и просеше?” Едни велеа: „Тој е,” а други: „Личи на него.” Тој, пак, зборуваше: „Јас сум.” Тогаш го прашаа: „Како ти се отворија очите?” Тој одговори и рече: „Еден Човек, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги намачка очите и ми рече: ,Отиди во бањата Силоам и изми се!’ Отидов, се измив и прогледав.” Му рекоа пак: „Каде е Он?” Тој рече: „Не знам.” Тогаш го одведоа кај фарисеите човекот, кој порано беше слеп. А беше сабота, кога направи Исус кал и му ги отвори очите. Го прашаа, пак, исто така и фарисеите: „Како прогледа?” Тој им одговори: „Ми кладе кал на очите, се измив и гледам.” Тогаш некои од фарисеите рекоа: „Не е од Бога Овој Човек, штом не ја уважува саботата.” Други рекоа: „Како може грешен човек да прави такви чудеса?” И *настана расправија помеѓу нив. Пак му рекоа на слепиот: „Ти што велиш за оној што ти ги отвори очите?” А тој рече: „Пророк е.” Но Јудејците не поверуваа за него дека бил слеп и прогледал, додека не ги повикаа родителите на прогледаниот, и ги прашаа: „Дали е овој вашиот син, за кого велите дека се родил слеп?” Родителите негови одговорија и им рекоа: „3наеме дека е овој наш син, и дека се роди слеп; но како сега гледа, не знаеме; или, кој му ги отвори очите, не знаеме. Тој е голем; прашајте го него, нека ви каже сам за себе!” Ова го рекоа неговите родители, оти се боеја од Јудејците; зашто Јудејците се беа согласиле да биде исклучен од синагогата секој, што ќе Го признае за Христа. Затоа и родителите негови рекоа: „Тој е возрасен, него прашајте го!” Тогаш повторно го повикаа човекот што беше порано слеп и му рекоа: „Прослави Го Бога; ние знаеме дека Оној Човек е грешен.” А тој одговори и рече: „Дали е грешен, не знам; но знам дека бев слеп, а сега гледам.” Пак му рекоа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?” Тој им одговори: „Јас ви реков веќе и не чувте, што сакате пак да чуете? Да не сакате можеби и вие да Му станете ученици?” А тие го укорија и му рекоа: „Ти си Негов ученик, а ние сме Мојсееви ученици. Ние знаеме дека со Мојсеја говорел Бог; а Овој не знаеме од каде е.” Одговори човекот и им рече: „Тоа е и за чудење, што вие не знаете од каде е, а мене, сепак, ми ги отвори очите. Знаеме дека Бог не слуша грешници: но оној што Го почитува Бога и ја исполнува Неговата волја, него го слуша. Откако е веков, не се чуло некој да отворил очи на слепороден. И ако Он не беше од Бога, не можеше да направи ништо.” Одговорија и му рекоа: „Сиот си во гревови роден, па зар ти нас ќе не учиш?” И го испадија надвор. Исус чу дека го истерале, па како го најде, му рече: „Веруваш ли ти во Синот Божји?” Тој одговори и рече: „А кој е, Господи, па да поверувам во Него?” Исус му рече: „И си Го видел, и *Кој зборува со тебе, Он е.” А тој рече: „Верувам, Господи!” И Му се поклони.

Старец Софрониј

Оној кој Го љуби Бога повеќе, кој се моли повеќе, кој се обидува повеќе да ги исполнува заповедите, ќе биде поблиску до Бога.

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

18/06/2026 - четврток

Петровденски пости; (пост со масло)

Св. свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски; Преп. Теодор Пустиник; Преп. Анувиј; Блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная