логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


„Навистина е света и најпразнична оваа ноќ, и појасна од светлоносниот ден, станувајќи гласник на воскресението; во неа вечната светлина засветли за сите во тело од гробот” (Воскресен канон)

Да, колку е торжествена оваа ноќ - светлозарната ноќ на светлото Христово воскресение, наситена со светлина и неизмерна радост во која громкото биење на камбаните насекаде ја разгласи победата над смртта. Во оваа ноќ, гробот стана лулка на нов живот, крајот стана почеток на вечноста, смртта триумф над бесмртноста, тагата - извор на радост. Светата радост се разлеа насекаде, ги зафати сите битија, ја опфати целата природа, ги исполни небото и земјата. С? што е видливо и невидливо како да се слева во еден величествен хор кој таинствено пее за животот што триумфира.

„Христос воскресна!” Колку милозвучно одекнува овој радосен возглас, кој како благопријатен пролетен мирис ја гали душата на секој што верува и како лековит балсам ја лекува секоја немоќ и секоја тага. Христос воскресна! - осилото на смртта е отапено, силата на адот е разурната, ѓаволот е победен и посрамен, а портите на Царството небесно се широко отворени за сите.

Сето ова се гледаше на лицата на многубројните верници кои пристигнаа во Бигорскиот манастир, вдахновени од радоста на Христовото воскресение, нетрпеливо очекувајќи го мигот кога торжественото биење на камбаните ќе ја објави оваа радосна вест на целиот свет. А радосната возбуда ја зголемуваше и исчекувањето на Благодатниот оган кој секој момент се очекуваШе да пристигне во манастирот.

Најпосле, кога настапи полноќ игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј со своите браќа и сестри следен од многубројниот народ, со свечена литија слезе до манастирските порти и го прими Благодатниот оган. Тогаш неземна светлина го облеа целиот манастир и во таа светлина с? се промени, с? изгледаше поинаку и толку благодатно, а очите не можеа да се наситат од гледањето на блесокот од овој божествен пламен.

Како воден од некоја сила, Архимандрит Партениј се појави на царските двери, држејќи во рацете два снопа со по 33 свеќи, а верниот народ радосно пристапуваше за да го прими Божјиот благослов, додека во црквата одекнуваа стиховите: „Дојдете примете светлост од невечерната светлина!”

Започна свечена литија околу црквата, проследена со прекрасни византиски напеви и торжествено биење на камбаните. А кога беше прочитано Воскресното Евангелие и од сите страни моќно одекна радосниот поздрав: Христос Воскресе! Вистина Воскресе! Архимандрит Партениј им се обрати на присутните сакајќи со нив да ги сподели боговдахновените мисли кои во моментот му надоаѓаа:

Христос Воскресна! Радувајте се! Ако првиот Адам кој беше создаден за заедница со Бога, за вечна радост и љубов помеѓу него и Бога, заради гревот и од завист пропадна, сега радувајте се, имаме нов Адам, совршен Бог и совршен Човек. Бог Кој од љубов слезе од небесата, се овоплоти, живееше со нас 33 години како човек за да го победи гревот, за да ја победи смртта... Само преку Христос човекот може да биде морален и добар. Само кога Христос живее во човековото срце, само тогаш човекот е полн со љубов, бидејќи е свртен кон вечноста и сака да живее вечно со својот Создател. Човек христијанин е човек кој гледа во вечноста, човек кој е постојана пролет, човек кој е постојана љубов, човек кој знае да биде пожртвуван за својот ближен, бидејќи Спасителот тоа ни го заповедал... Доказ дека Христос воскресна е душата која се радува неизмерно на Христовото Воскресение. Нема душа која денес не се радува на Христовото воскресение. Почувствувајте ги вашите души, почувствувајте ги вашите срца! Нели се исполнети со неискажлива радост. Така е повеќе од 2000 години после Христовото воскресение. Тоа е сила неизмерна. Нашиот народ со Христа секогаш го победувал светот. Многу искушенија нашиот народ помнал верувајќи во силата на Воскресението. Нашите прадедовци биле силни во верата и секогаш со Христа победувале. И овој манастир, толку пати рушен и обновуван сведочи за нивната вистинска вера. Иако пет века под ропство, нашите предци никогаш не се уплашиле од силата на поробувачите, туку одново и одново го граделе, верувајќи во силата на Христовото Воскресение. А овој манастир, овој македонски Сион, одиграл огромна улога во македонската историја. Овде започна преродбата кога нашиот народ во петвековното ропство беше во очајна состојба. Овде сите преродбеници започнаа да го шират повторно Словото Божјо кај македонскиот народ...

Да се помолиме за сите оние кои никогаш не ја почувствувале оваа радост, да се помолиме за нашата татковина која с? што има Му должи токму на Воскреснатиот Христос. Просветата ја должиме на светите монаси Кирил и Методиј, кои се жртвуваа за еден народ кој ја заборавил светата вистина. Инспирирани од воскресната радост, инспирирани од светата љубов, тие дојдоа во словенските земји и го проповедаа Светото Евангелие. А сега Уставниот суд како еврејскиот Синедрион на Велика среда кажа: „Нема место за Христа во просветата!” Тоа е страшно, тоа е ужасно, срамно за нашиот род. Но, нека знаат сите што се борат против Христа дека само навидум тие Го победиле. За кратко време Он воскреснува. Така ќе бидат победени безбожниците, како што кажавме и во воскресната вечерна молитва: како што исчезнува димот така ќе исчезнат... бидејќи патот на безбожниците води кон погибел...

Радувајте се, помолете се за целата наша татковина за да влезе светлината Христова во срцата на сите луѓе. Му благодариме на Бога што н? удостои вечерва да го имаме во нашите раце Благодатниот оган, што на чудесен начин секоја година слегува во Светиот Гроб Христов и му ги пали свеќите на Ерусалимскиот патријарх. Преку Солун и ние оваа вечер го имаме Благодатниот оган. Им благодариме на благочестивите христијани, Македонци и Грци, бидејќи сите сме едно во Христа, кои ни овозможија и ние да имаме благослов од овој оган над целата наша татковина - светлина во македонската земја. Христос воскресна!”

Духовно нахранети од овие боговдахновени зборови, сите присутни се вратија во храмот за заедно со монасите да учествуваат во Светата Божествена Литургија и со восхит ликувајќи заради Христовото воскресение, да се причестат со Неговите Свети Тајни, кои на овој ден им се достапни на сите зашто како што вели Златоуст, Христос го прима на Својата трпеза и оној што стигнал во последниот час исто како оној што дошол во првиот час.

По Светата Литургија беше подготвена трпеза на љубовта. Сепак манастирските трепезарии беа премали за да ги примат сите придојдени, па затоа неколкуте стотици што останаа во дворот беа поткрепени со мала закуска. За време на трпезата беше прочитана и Посланицата од Неговото Блаженство г.г. Стефан и Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква.

Христе, Господи, колку е божествен, колку е љубезен, колку е сладок Твојот глас, Ти Кој семоќно ги подигна луѓето од ропството и правот и ги издигна за во слобода и слава да бидат деца Божји. Ти Кој со воскресението на правдата, вистината и братството си го открил неисцрпниот извор на радоста и во самата долина на плачот и страдањата, Ти Христе Спасителе, што си н? откупил со тешкиот Голготски Крст и со Своето славно Воскресение, направи постојано да се зголемува радоста на народите, утврди ја верата, правдата и слободата и во нашата земна татковина и направи н? да бидеме наследници на Твоето вечно Царство.

  

 

 

Повеќе: http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=3706

Посети {moshits} 

 

 

 

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная