Cristus Risurexit!
Неиве, Италија, МПЦО Св. Архангел Михаил
Митрополитот Европски, Неговото Високопреосвештенство г. Пимен оваа година го прослави Воскресението Христово во Македонскиот православен храм Св. Архангел Михаил во Италија, каде присуствуваа илјадници верници Македонци, но и голем број православни Романци, Бугари и Срби.
Во рамките на предвидената програма, а во знак на одбележувањето на Пасха, Црковната управа и свештеникот Михајло Матевски организираа повеќе настани во кои земаа активно учество и Амбасадорот на Република Македонија во Рим, Неговата Екселенција г. Љупчо Тозија, директорот на Агенцијата за иселеништво при владата на Република Македонија г-дин Васил Наумов, г-дин Митко Јаневски конзул на Република Македонија во Местре, Венеција и др.
Во интерес на унапредување на односите помеѓу Италија и Македонија на црковен и државен план беа одржани повеќе средби и со претставници на италијанската локална власт.
Целата програма заврши со затварањето на изложбата на фотографии насловена „Чекорење низ Македонија„ на авторот Љупчо Илиевски, изложба која ги поттикна Италијанците во скора иднина да ја посетат Земјата на сонцето, Македонија.
Христос Воскресна!
Известува Владо Стојев