Ако Христос не воскреснеше, празна ќе беше нашата вера, а ние ќе бевме најбедните луѓе ( 1 Кор, 15,17) не поучува Светиот ап. Павле. Но Христос воскресна и стана првенец меѓу мртвите. Смртта немаше власт над него. Смртта е силна само над грешните, но Христос не направи грев и затоа таа немаше сила да го задржи. Тој влезе во најдолните предели на адот и таму ја проповедаше Неговата спасоносна наука та сите кои поверуваат во Него да имат живот вечен.
Неговото големо дело се состои во тоа што Тој, иако Бог Предвечен и Сесилен, се смири и стана смирен човек. Пострада, беше распнат, умре и воскресна заради нас. Истиот св.ап. Павле вели: Навистина тешко би некој да умре за праведник, а за добар, можеби некој и би се решил да умре. Но Бог ја докажа Својата љубов кон нас, со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни. (Рим. 5; 7-8)
Негови вечни должници му сме. А долгот наш е љубовта. Затоа да го возљубиме Господа сето свое срце, со сиот свој ум и со сета своја сила и да ги исполнуваме Неговите зборови, така да и во нас исчезне овоземното, пропадливото и грешното, а да се всели небесното, вечното и светото.
За да можеме и ние вистински со полнотата на нашето срце да воскликнеме: Христос Воскресна. Навистина Воскресна!
Манастир на св. Прохор Пчински, Донибрук, Австралија
+ + +
And if Christ be not raised, your faith is vain; ye are yet in your sins.( 1 Kor, 15,17) teaches Saint ap. Paul. But Christ resurrected and became first-begotten amongst the dead. Death did not have lordship over him. Death has power over the sinful, but Christ did not sin and so it could not have the power to keep him. He entered in the lowest region of the hell and he preached His saving doctrine, so everyone that starts to believe in Him will have eternal life.
His biggest deed consists of that He, although God Alleternal and Almighty, humbled Himself and became a humble man. He suffered, was crucified, died and resurrected for us. Same st.ap. Paul says: For scarcely for a righteous man will one die: yet peradventure for a good man some would even dare to die. But God commendeth his love toward us, in that, while we were yet sinners, Christ died for us. (Romans 5:7,8)
We are His debtors for ever. And the debt is our love. That is why we should love God with all of our heart, all of our mind and with all of our power and to fulfil His word, so that this worldly stuff disappears from us, and the heavenly, eternal and holly can move in. So that we can truly with fullness of our heart exclaim: Christ is Risen. Indeed He is Risen!