Цветници во Калифорнија
Денес, кога Светата Православна Црква го прославува споменот од свеценото влегување на нашиот Спасител Господ Исус Христос во Ерусалим, Макрдонскстс православна црква, посветена на Успението на Пресвета Богородица во Лос Ангелес, беше претесна да ги прими своите чеда кои дојдоа од сите страни на градот да се помолат но и да се причестат со пречистото Тело и Крв на нашиот Спасител.
На Светата богослужба присуствуваше и Конзулот на нашата сакана Македонија, господинот Јовица Паласевски, како и господинот Методија Коловски, претседател на здружението на Македонската диаспора во Вашингтон. По богослужбата на учениците од неделното училиште им поделија книги за полесно изучуванје на мајчиниот јазик и ги посетија просториите каде се изучува Македонскиот јазик.
Сиот народ по богослужбата си отиде во своите домови со палмово гранце во рацете, а пораката кој ја понесоа со себе, сакам да ја споделам и со сите посетители на Премин портал. Палмовото или врбовото, во нашата Татковина, гранце кое ќе биде ставено пред светите икони во нашите домови со тек на времето ке овене но ние да не дозволиме во нашите мисли и срца да овене споменот на денешниот ден и на се она што направи Насиот Спасител заради нас.
Честитајки го празникот на сите вас, ви посакувам во мир да ја поминеме и оваа Страсна седмица, со пост и молитви и добри дела, за да можеме по радостно да го дочекаме Светлото Христово Воскресение.
Известува: отец Ристо Ристовски, Калифорнија