логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Bogorodica.Kupola.jpg 

 Заради нас си се родил од Дева и распетие си претрпел, Благи, уништувајќи ја смртта со смрт и воскресението јавувајќи го како Бог. Не презирај ги оние што со раката Твоја ги создаде, но јави го човекољубието Твое, Милостиви. Прими ги молењата на Богородица, која Те роди и, спаси ги, Спасителу, луѓето од очајание.
Утрена, петта недела од Постот

sv.jovan.zlatoust.jpg

Поуки од светите отци: Прави го ова во поглед на своите браќа: гледајќи дека вашето пријателство се раскинува, поитај сесрдно да го обновиш.
Свети Јован Златоуст

Молитва:
 Боже бесмртен, дај ни непрестајно да се угледаме на Исуса, Почетокот и Крајот на нашата Вера. Секогаш скрушено и скромно да Ти благодариме Тебе, борејќи се да бидеме деца Божји и преку молитвите и вечното застапништво на Пресветата Богородица, да се утврди нашата надеж и вера во Тебе. Амин

 Читање од Светото Писмо:
 Исаија 41, 4-14
 Битие 17, 1-9
 Соломонови Изреки 15, 20-34; 16, 3-9
 
 Созерцание: Остави ги на Господа делата свои и цврсти ќе бидат твоите намери.
Соломонови Изреки 16, 3

Подготви: А.Л.


 Од Православен календар на МПЦ     

Светите маченици Хрисант и Дарија
и другите со нив
     01/04/2009

sv.Darija.jpgХрисант беше единец син на еден велик бојарин Полемиј, којшто од Александрија се беше преселил во Рим. Како син на богати родители Хрисант ги изучи разните светски школи, а ги имаше за учители најучените луѓе. Но светската мудрост го збуни и го остави во неизвесност околу прашањето што е вистина. И тој тагуваше заради ова. А Бог Кој промислува за сите и за сѐ ја ублажи неговата тага: до рацете на младичот Хрисант дојдоа Евангелието и Делата Апостолски. Кога ги прочита се просветли со Вистината. Бараше учител и го најде во лицето на еден свештеник Карпофор, којшто го поучи и го крсти. Ова не му се допадна на Хрисантовиот татко, кој презеде сѐ за да го одврати од Христовата вера. Откако не успеа, злобниот татко најпрво се обиде да го разврати и го затвори младиот човек сам со бесрамни девојки. Хрисант се победи самиот себеси во ова и се одржа во чистота. Тогаш татко му го присили да се ожени со незнабожечката девојка Дарија. Хрисант ја поучи Дарија и таа ја прими Христовата вера и живееја заедно како брат и сестра, во привиден брак. Кога умре татко му, Хрисант почна слободно да Го исповеда Христа и да живее според Неговите заповеди, тој и сиот негов дом. Во времето на царот Нумеријан тој и Дарија беа страшно мачени за верата. Но и самиот мачител Клавдиј, којшто го виде трпението на овие маченици и чудата што се пројавија при нивното мачење, ја прими Христовата вера заедно со целиот свој дом. Зато и него го потопија во вода, обајцата синови му ги заклаа, а жена му откако се помоли на губилиштето издивна. Дарија беше толку истрајна во маките што незнабожците викаа: „Дарија е божица!“ Најпосле Хрисант и Дарија беа каменувани во еден длабок ров. На тоа место подоцна беше подигната црква. Близу ровот имаше една пештера во која еднаш христијаните се собраа на литургија во спомен на Светите маченици Хрисант и Дарија. Кога дознаа за ова незнабожците навалија и ја затворија пештерата, во која ги натераа во смрт дојдените христијани, а тие со ова се преселија во блажениот живот. Славните маченици Хрисант и Дарија и останатите што загинаа со нив, меѓу нив беше и еден свештеник Диодор и ѓаконот Маријан, пострадаа за Христа во Рим, во 283 и 284 година.
  

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

02/08/2025 - сабота

 Светиот пророк Илија; Св. Пречистански преподобномаченици; Св. Илија, патријарх Ерусалимски и Св. Флавијан, патријарх Антиохиски; Свештеномаченик Николај Хашех ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Марија Магдалина  4 август/22 јули  2025

Тропар на светата Марија Магдалина 4 август/22 јули 2025

Христос, Кој поради насОд Дева се роди,го следеше чесна Марие Магдалино,чувајќи ги Неговите заповеди и закони:затоа денес го празнуваме  

Тропар на св. Божји пророк Езекил 3 август/21 јули /  2025

Тропар на св. Божји пророк Езекил 3 август/21 јули / 2025

Свет е нашиот Бог,да се исполни целото небо и земја со Неговата слава,повикуваше о ти Езекиле Божји помазаниче и пророче,мачениче...

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 2 август/20 јули   2025

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 2 август/20 јули 2025

Ангел во тело, столб на пророците,втор претеча на Христовото доаѓање, - Илија славен,откако одозгора му испрати благодат на Елисеј,овој болести...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная