30 март 2009 г.- храм на св. Петка, Скопје
Утрена богослужба во петтата седмица на СВЕТИОТ ПОСТ
Прокимен, псалм 83, глас 4: Блажени се оние што живеат во Твојот дом, тие постојано Те фалат. Стих: Колку се мили твоите живеалишта, Господи на силите!
Од пророштвата на Исаија (37, 33-38; 38,1-6), читање:
Вака вели Господ за асирскиот цар: „нема да влезе тој во овој град, ниту ќе фрли таму стрела, и нема да се доближи до него со штит, ниту ќе ископа опкоп околу него; по кој пат дошол, по истиот и ќе се врати, но во тој град нема да влезе, вели Господ. Јас ќе го бранам овој град, за да го спасам поради Себе и заради Мојот слуга Давида." Тогаш излезе ангел Господов и погуби во асирскиот логор сто и осумдесет и пет илјади души. Утредента станаа, и, ете, насекаде имаше само мртви тела. И отстапи Сенахирим, царот асирски, та си отиде, се врати и живееше во Ниневија. И кога се клањаше во домот на својот бог Нимрох, синовите негови Адрамелех и Сарасар го убија со меч, а самите избегаа во Араратската земја. И место него стана цар синот негов Асардан. Во тие дни Езекија се разболе смртно. И дојде кај него пророкот Исаија, синот Амосов, и му рече: „Вака вели Господ: направи завет за домот свој, зашто ќе умреш, нема да оздравиш." Тогаш Езекија се сврте со лицето кон ѕидот и се помоли на Господа велејќи: „О, Господи! Сети се, дека јас одев пред Твоето лице верно и со предано срце кон Тебе и вршев она што беше угодно пред Твоите очи." И силно заплака Езекија. И дојде словото Господово кон Исаија и му беше речено: „Оди, кажи му на Езекија: вака вели Господ, Бог на татка ти Давида: ја чув твојата молитва, ги видов твоите солзи, и ете, додавам кон твоите дни уште петнаесет години, ќе те спасам тебе и овој град од раката на царот асирски. Да, ќе го зачувам тој град."
Прокимен, псалм 84, глас 8: Покажи ни ја, Господи, милоста Твоја, и подари ни го Твоето спасение. Стих: Господи, си ја помилувал земјата Твоја, си ги вратил заробените на Јакова.
Бидејќи треба да се знае за катизмите на четвртокот од Големиот канон (ги има три), кои треба да се прочитаат порано и да не се остават, погледни напред, и читај ги како што се распоредени на своите места.( ПОСЕН ТРИОД )
Посети: {moshits}