Храм на св. Петка, Скопје - 13 март 2009 г.
Со чист ум да ја прославиме Пречиста Дева; украсени со нашите добри дела, да ја прославиме добрината на Јакова, и како Мајка на нашиот Бог, набожно да ја воспееме.
Во Втората недела од Великиот пост, на 13. 03. 2009 година, во храмот на св. Петка во Скопје, се отслужи мало повечерие со канон и акатист кон Пресвета Богородица.
Тебе, која во прегратките го носеше Бога невидливиот, на небесата воспеан од сите сили, и кој преку тебе секогаш ни дава спасение во неволи, те величаме.