Виндзор
Во вторникот, на 20 јануари 2009 година, на денот кога го празнуваме Соборот на Свети Јован Крстител, во Македонската Црковна Општина Свети Никола во Виндзор, Канада беше отслужена Света Архирејска Литургија. На богослужбата чиноначелствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско - Канадски господин Методиј во сослужение со Прото-ставрофор д-р Александар Мустеников, епархискиот ѓакон Стефан Барјактаров и ипо-ѓаконот Димитар Башевски.
Митрополитот Методиј кој срдечно беше пречекан од стотина парохјани на многу приемчив начин беседаше за значението на овој празник поврзан со чинот на Христовото Крштевање и Богојавлението кои ги празнувавме предходниот ден. Притоа нагласи дека Свети Јован меѓу евангелиските личности околу Спасителот има посебно место според начинот на доаѓањето во светот и според улогата на Крстител.
Известува: Г. Стефанов