На празникот Богојавление во Македонската православна црква Свети Никола во Виндзор, Канада, прото-ставрофор д-р Александар Мустеников отслужи Божествена Литургија, по која прекрасно беседаше за значението на овој празник. Потоа ја освети и прекрши празничната погача принесена од годинашните кумови, фамилијата на Љуба и Илија Јанчеви.Честа за кумство во наредната година им припадна на Менде и д-р Елизабета Талески.
Отец Мустеников изврши лицитирање на иконите на нему својствен духовит начин, овој пат видливо инволвирајќи ги најмладите. На крајот во црковната сала “Александар Велики” изврши Богојавленски Водосвет. Спуштениот крст во осветената вода прв го дофати младиот Давид Билбиловски. Ова празнично расположение беше дополнето со заедничка братска и сестринска трпеза на љубовта.
Известува: Г. Стефанов
Извор: http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=679&Itemid=2