Денес, на Водокрст, се отслужи Божествена Литургија во храм на св. Петка во Скопје. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 1)
Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји, како што е напишано кај пророците: „Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.“ „Гласот на оној, што вика во пустињата: пригответе го патот на Господ, израмнете ги патеките Негови.“ Се јави Јован, крштавајќи во пустињата, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите. И излегуваа при него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и сите се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед. И проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови. Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.“
Посети: {moshits}