логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Епархискиот управен одбор на Скопската православна епархија е вчудоневиден од апсурдната осуда врз Скопската епархија од страна на Здружението на новинарите на Македонија. Институцијата која себеси се повикува дека постои заради „јакнење на професионалната етика“, флагрантно го прекршува сопствениот Кодекс, чија основна задача е почитувањето на вистината, кога нечесно и тенденциозно ги изопачува јасните зборови од црковното писмо. ЗНМ го подигна гласот и ја осуди Црквата за забрана, а во писмото за забрана - ниту збор! Од причина што се работи за исклучително краток текст, ќе си дозволиме да го повториме во целост дописот упатен до неколку новинарски редакции: Поради сè позачестените пројави на самоволие, непочитување и несоодветно однесување во црквите и манастирите од страна на вашите новинарски екипи, не се дозволува снимање и фотографирање во црквите, манастирите и на црковните имоти од Скопската православна епархија без претходно добиена писмена согласност од Епархијата. Ако ја следиме логиката од реакцијата на ЗНМ, тогаш би можеле да заклучиме дека на граѓаните од Македонија им е забрането да излезат од земјата, бидејќи, како што е познато, во скоро сите земји од светот не им е дозволен влез без претходно добиена виза! 
А ваквото барање е само применување на веќе воспоставената пракса и позитивните црковни закони, коишто, впрочем, на членовите на ЗНМ, би требало од нивната пракса да им бидат добро познати: во црквите и манастирите, џамиите и синагогите, не само во Македонија, туку и насекаде во светот, може да се снима и фотографира исклучиво со одобрение на надлежните верски власти! Стандардната административната процедура, според којашто по поднесено писмено барање за снимање и фотографирање се издава писмено одобрение, не беше скрупулозно применувана за големите црковни празници и настани, со цел преку скратена постапка и јавен повик да се постигне пошироко информирање на јавноста за празничните одбележувања. Но, во моментот кога ескалираа пројавите на самоволие, непочитување и несоодветно однесување од страна на некои новинарски екипи, ЕУО на Скопската епархија само побара применување на вообичаена процедура.
Освен тоа, ЕУО на Скопската епархија е изненаден од претензиите за видовитост на ЗНМ, коешто со сигурност тврди дека во образложението за ваквата постапка не е посочена „вистинската причина“! Растрчувањето на снимателите, бркањето на соговорници по изјава внатре во црквата и црковните дворови, и покрај тоа што пристојно се замолени тоа да не го прават, влетувањето со вклучена камера по црковните кабинети се само дел од бројните новинарски инциденти на Алфа и Сител Телевизија. Дури и најсилната имагинација не може да претпостави ваквата новинарска ревност да најде сличен израз во некоја синагога, или уште помалку, во џамија... Познато е дека вртоглавото бркање на сензационалност е само покривање на скромните професионални новинарски квалитети. Ако овие се стандардите на македонското новинарство, зад коишто стои и ги поддржува ЗНМ, тогаш - нека ни е Господ на помош!
Оправданоста, пак, на потегот на ЕУО, уште повеќе се потврдува во конзистентното продолжување на самоволието, со непочитување на епархиското барање од страна на новинарската екипа на Сител, којашто вчера повторно без никаква најава со камери и микрофони изврши упад во Архиепископскиот соборен храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје за време на светата Литургија. Од направените снимки во информативните изданија немаше ништо, врз основа на што може да се претпостави дека се работи единствено за дрска демонстрација на сила...
Од тие причини, ЕУО на Скопската епархија се обраќа до ЗНМ да ги осуди ваквите постапки, а воедно и да го повлече изреченото барање.

Епархиски управен одбор
    на  Скопската православна епархија

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная