Дортмунд (11.01.2009)
Веќе неколку недели наназад во Црковната општина св. Кирил и Методиј во Дортмунд, парохиската служба ја обавува новопоставениот парохиски свештеник, протојереј Стеван Илиовски.
Надлежниот Митрополит на пропатување од Ц.О. св. Архангел Михаил и сите Ангели од Лондон, каде богослужеше на празникот на Рождеството Христово, пристигна во Дортмунд каде отслужи Боженствена Литургија на која на верниот народ им го објави Рождеството Христово и им го честита поставувањето на новиот парох , а на отец Стеван му посака успешна парохиска мисија.
Во толкувањето на денешното евангелие Митрополитот Пимен потенцираше дека е неопходно ослободување од страстите, бидејки заслепеноста и обземеноста од истите може да изроди невидено зло…
Како потврда на тоа го посочи примерот на царот Ирод кој заслепен од страста на славољубието и од грижата некој да не ја засени неговата слава како цар, се дрзнува да го направи невиденото злосторство во Витлеем.
Известува од Дортмунд
Миланка Тосева