логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

150toma.Manu.jpg

 150toma.Manu.jpg

150toma.Manu.jpg

150toma.Manu.jpg

Скопје, 4 јануари (МИА) - Со капиталниот проект „130 тома македонска книжевност“ на сите почитувачи на пишаниот збор им даруваме драгоцени мигови за толкување на пораките од пишаните мозаици на литературното творештво, од сите жанрови и од сите генерации македонски писатели и автори од заедниците во Република Македонија, рече  министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска на денешната промоција на едицијата во Македонската академија на науките и уметностите.

Министерката Канческа - Милевска информира дека проектот се реализирал по иницијатива на Друштвото на писатели на Македонија и оти претставува збирка во која се прикажани развојните процеси на македонската литература, со сите жанровски, стилски и вредносни особености на многу поети, раскажувачи, романсиери, драмски автори, критичари и есесисти, писатели за деца, литературни историчари и теоретичари.

- Владата на Република Македонија и Министерството за култура со овој проект од капитално знаење, реализира крупен зафат кој значи потврда и афирмација на високите литературни вредности создавани во Македонија, рече Елизабета Канческа-Милевска.

Таа најави дека до крајот на оваа година Министерството за култура ќе работи на уште два капитални проекти, едицијата „Превод на литературни дела на добитници на Нобеловата награда за литература“, како и превод на 30 стручни и научни книги кои ќе бидат испечатени на македонски јазик, а се напишани од странски автори од областа на ликовна, музичка, театраска, филмска уметност, архитектура, археологија, етнографија, музеологија и библиотекарство.

150toma.Manu.jpg

Премиерот Никола Груевски на денешната промоција потенцира дека Република Македонија доби вистински светилник на своето литературно творештво и на македонското книжевно наследство.

- Како резултат на посветена работа го промовираме делото „130 тома македонска книжевност, кое во себе опфаќа литературно творештво од сите жанрови, од сите генерации македонски писатели и писатели од заедниците на националностите во Република Македонија, рече Груевски. Тој посочи дека ова дело ќе остане запаметено во македонската културна ризница.

Проектот, потсети Груевски беше поддржан од Владата и од Министерството за култура, со издвоени 24 милиони денари, вонредни средства во 2008 година. Го нарече проектот грандиозен и прв од ваков вид во Македонија.

- Целта беше да се прикаже богатата и слоевита слика на нашите високи и неоспорни книжевни вредности, а со тоа да се даде и нов поттик во творештвото и да се отворат нови страници од развојот на нашата литература, рече Груевски. Тој додаде дека на проектот работеле 80 познати проследувачи  и толкувачи на развојните процеси во македонската литература и на литературите на националностите. 

150toma.Manu.jpg

Во едицијата, одделно се објавени дела на повеќе од 100 македонски писатели, а во 20-ина тома со панорамски и антологиски избори од повеќе литературни жанрови објавени се дела на околу 200 писатели. Ова творештво е објавено на сите јазици на кои пишуваат авторите, на македонски, албански, турски, ромски и влашки јазици.

Премиерот Груевски најави дека едицијата од 130 тома на македонска книжевност не завршува тука, туку претставува трајно партнерство меѓу Владата, МАНУ, Друштвото на писатели на Република Македонија и на другите национални институции од сферата на културта. Едицијата ќе биде преведувана на англиски јазик, а до крајот на година ќе се реализираат и два нови проекти од областа на културата и книжевност. Во скратена форма ќе биде преведена едицијата и на други пет светски јазици.

Тој го најави проектот кој опфаќа 500 книги од стручна и научна литература. Ќе има превод на 30 книги од областа на уметностите. Во втората половина на годината, ќе започне втората фаза на тој проект или уште 500 нови книги, стручни и научни, преземени од 10-те највисоко рангираните универзитети во САД. Го најави и преводот на литературни дела на добитниците на Нобелова награда за литература, од почетокот до денес.

150toma.Manu.jpg

Со денешната промоција и со оваа едиција, посочи  вицепремиерот задолжен за евроинтеграциите Ивица Боцевски, сакавме да ги утврдиме вредностите на современата македонска литература и да покажеме дека проектот ќе живее и во иднина. 

- Во 21 век, во ерата на глобализација и во ерата на европската интеграција за Македонија успешни ќе бидат само оние народи со најдлабоки утврдени корени и тоа е мислата водилка на актуелната Влада. И само оние народи кои највисоко ќе ги развиваат своите креативни индивидуи ќе успеат во 21 век и ќе успеат да го наметнат своето во 21 век, рече Боцевски. мд/цр/17:16

150toma.Manu.jpg

150toma.Manu.jpg

 150toma.Manu.jpg

 

Посети:{moshits}

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Православен календар

 

13/06/2025 - петок

Светиот апостол Ерма; Светиот маченик Ермиј; Светиот маченик Философ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај  2025

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај 2025

Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те...

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите...

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Добродетели со љубов си стекнала, маченичке,  чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот  кој се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная