На 16. 12.2008 година, на празникот посветен на светиот пророк Софониј, свети Јован Молчалник, и преподобен Теодул , во храмот на света Петка, во Скопје, се отслужи Утрена служба, која започна со призив на Светиот Дух, потоа шестопсалмието се прочита, тропарот на св. Софониј, канонот на светителот и на крај се исчита од Апостолот и денешното Евангелие:
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 87)
Рече Господ: „Како што беше во Ноевите дни, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки: јадеа, пиеја, се женеа, се мажеа, сè до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите. Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа; но во иститот ден, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги изгоре сите; така ќе биде и во денот, кога ќе се јави Синот Човечки. Во тој ден, кој е на покрив, а покуќнината му е в куќи, нека не слегува да ја земе; и кој е в поле, исто така, да не се враќа. Сеќавајте се на Лотовата жена. Кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја погуби; а кој ја погуби, ќе ја оживи. Ви велам: во таа ноќ ќе бидат двајца на една постела: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават; две жени ќе мелат заедно: едната ќе ја земат, а другата ќе ја остават; двајца ќе бидат на нива: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават.“ И, кога одговорија, Му рекоа: „Каде, Господи?“ А Он им рече: „Каде што е телото, таму ќе се соберат и орлите.“
По завршувањето на Утрената служба, се исчита трисагија за починатите.
Посети: {moshits}