Архиерејска Божествена Литургија (28.08.2007)
Празникот на Успението на Пресвета Богородица во Дебарско-кичевската епархија се прослави со свечена Архиерејска Литургија во црквата на Пресвета Богородица - Каменско во Охрид, црква на која денес ѝ беше и храмов празник.
Со Светата Литургија чиноначалствуваше Владиката дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение со повеќе свештенослужители од епархијата. Кон присутниот верен народ, којшто во огормен број беше присутен на богослужбата, Владиката се обрати со празнично слово.
Присутниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Потоа Владиката и свештенослужителите во дворот на црквата ги благословија и ги прекршија празничните лебови и извршија Водосвет.
Известува: о. Игор Никовски