Групна венчавка во храм Рождество на Пресвета Богородица
Скопје , 25 октомври - За првпат во возобновената црква Рождество на Пресвета Богородица, се одржа групна венчавка на брачни двојки од Скопје. На првото венчавање во новоосветениот храм присуствуваа 35 двојки што веќе стапиле во граѓански брак, но од разни причини досега не се венчале в црква. Младенците ги венча старешината на храмот, отец Трајче во сослужение на троица свештеници. Сите двојки добија подарок осветена икона со ликот на Пресвета Богородица, а за највозрасната брачна двојка подарок- Библија. Градот подари 70 свежи венчиња за сите учесници во групната венчавка.
Посети:{moshits}