логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TviTER229

Преображение Господово 2024

image

На ден 19.08.2024 година на празникот Преображение Господово, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше света Литургија во храмот во изградба посветен на Преображение во н. Циглана-Гостивар. На светата Литургија верниот народ се причести со Светите Тајни. Согласно типикот и традицијата беше благословен и лозовиот плод - грозјето, од кој ќе биде произведено новото вино, а кое, на чудесен начин, како и самиот настан на светото Преображение, на светата Литургија ќе стане Света Крв Христова.

На литургијата и чинот на благословување на грозјето присуствуваше и премиерот на владата на Р. Македонија г. Христијан Мицковски со членови на владата и пратеници на Собранието на Р. Македонија. Црковниот одбор за целиот верен народ приреди трпеза на љубовта.

image

                           На самиот крај, Митрополитот г. Јосиф се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа на која меѓу другото истакна: Денес е голем празник. Денес овде во н. Циглана-Гостивар, целиот народ со радост се искачува на оваа висорамнина, да го посети овој велелепен храм во изградба посветен на денешниот празник. Радост ми е што овој наш манастир и храм во изградба се преобрази во една вистинска црковна заедница и лечилиште на нашите души. Денес е празникот на Господовото преображение на гората Таворска. Секоја година, во дните на Богородичниот пост кој е во тек, ние си спомнуваме за еден од позначајните настани од животот на нашиот Бог и Спасител Господ Исус Христос, за Христовото преображение, за настанот преку кој нашиот Господ им се открива во слава на своите апостоли Петар, Јаков и брат му Јован (Матеј 17,1), како што ни соопштува денешното евангелско четиво. За да појасно да ја разбереме тајната на овој настан, ќе ги споменеме и настаните кои му претходеле. Всушност, Преображението се случило во последната година од Христовата спасителна мисија овде на земјата. Таа година во пресрет на страдањата кои наближувале, Христос започнал да им говори на своите ученици, на светите апостоли дека Тој „мора да оди во Ерусалим и многу да пострада од старешините, првосвештениците и книжниците и да биде убиен и на третиот ден да воскресне“ (Матеј 16, 21). Овие зборови длабоко ги растажиле апостолите, особено апостолот Петар, кој само шест дена пред Преображението, кога биле во земјата Кесарија Филипова огнено исповедал дека Христос е „Синот на живиот Бог“. Токму поради апостолската нажаленост, Господ Исус Христос посакал преку Неговото преображение да ги утврди и охрабри, како и да ја зацврсти нивната вера за да не бидат малодушни кога ќе ги видат страданијата. Но настанот на овој празник, освен што ги укрепил апостолите во верата, го утврдува и сето човештво до денес, во единствената Вистина под небото, во Христос Богочовекот. За таа Вистина, преподобниот отец Јустин Ќелијски на едно место вели: „Сите вистини во Православието произлегуваат од една вистина и се сведуваат на една вистина безграчна и вечна. Таа вистина е Богочовекот Христос. Ако до крај ја проживеете некоја вистина на Православието, мора да пронајдете дека нејзиното срце е Богочовекот Христос. Нажалост, ние во ова современо општество се оддалечивме и не сакаме да ја искачуваме Таворската гора и да Го гледаме Оној, Кој се преобрази за нашите слабости. Но кога еднаш човек ќе ја погледнеме таа светлина – тој посакува секој ден да се искачува на Тавор. Ние како христијани сме повикани да чекориме на тој пат, на патот на преображението и богоуподобувањето. И секој од нас што поскоро треба да започне да го оди и искачува тој пат. Иако на тој пат ќе сретнеме многу искушенија, треба да сме упорни и со помош на постот, молитвата, добродетелниот живот и секојдневното покајување и ние личносно да се преобразиме од лоши во подобри луѓе, во вистински христијани. Моја порака е сите ние, преку активен духовен живот и аскетски подвиг во Црквата, да се најдеме во светлоста на Преображението. И нема друг излез од моралната ерозија од која е заразен нашиот народ. Прославувајќи го денеска светлото Христово Преображение и ние со тројцата апостоли, да ја засведочиме Неговата слава на Преображението. Со молитва да отфрлиме од нас сè што е земно и грешно, и да го засакаме возвишеното и благородното. Така преобразени, очистени и осветени, постојано да го славиме името на Севишниот, сега и во сета вечност. Амин! Бидете благословени и имајте лесни Богородични пости. Дај Боже набрзо да го довршиме и осветиме овој велелепен храм кој е наша Гора Таворска, наше место на мир и духовна радост.

image

image

image

https://tge.mk/product/preobrazhenie-gospodovo-2024

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Православен календар

 

13/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (на риба)

Светиот апостол Ерма; Светиот маченик Ермиј; Светиот маченик Философ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная