логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Архимандрит Петар, игумен на Манастирот Пиносава и настојател на Манастирот „Благовештение“ – Рудничко, на 2 јули годинава, кога се празнува споменот на свети Јован Шангајски и Битолски служеше света Литургија во манастирот „Св. Јован Претеча“ – Слепче, Демирхисарско. По Литургијата, тој и многубројно монаштво од Србија и од Македонија беа свечено угостени од страна на домаќинот, игуменот Серафим и сестрите на манастирот „Слепче“, предводени од настојателката на тој манастир, монахиња Марина.

TviTER140

 

              Отец Петар, изговарајќи поздравно слово, му подари на игуменот Серафим голем крст за светата Трпеза, како дар на христијанската љубов и во знак на благодарност за поканата да учествува во канонизацијата и прославата на преподобната маченичка Стефанида Скадарска и Битолска, чии свети мошти се чуваат во овој древен манастир со корени од 5 век.

По повод прославата на преподобната маченичка Стефанида Скадарска и Битолска, игуменот на манастирот „Пиносава“, архимандрит Петар, во својата беседа во манастирот „Слепче“ кај Демир Хисар, рече:

          „Драг домаќине, оче и игумене, брате и пријателе Серафиме, драга мати Марина, драги сестри слепчански и сеправославни, чесни оци, драги браќа и сестри монаси и монахињи од Македонија, Србија, Црна Гора и Франција, драги дечиња, драг собран народе: Православната Црква, како што веќе векови исповедаме во Символот на Верата, е Една, Света, Соборна и Апостолска.

                И ова наше братско и сестринско, тридневно, благодатно и христијанско собирање и соборствување, овде во благословената земја Македонија, а особено во овој древен манастир „Свети Јован Крстител“ – Слепче, како и пред два дена во Битола, е уште една потврда дека сме навистина едно во Христа Бога, и дека радоста на воспоставеното целосно единство меѓу нашите две автокефални Цркви, Македонската и Српската, е повторно и на најубав можен начин запечатена на дело.

               Пак и пак, повторно и повторно, потврдено е со живиот живот на Црквата, дека сите ние, православните христијани во целиот свет, сме еден нов народ и ново создание, нов Израил; дека и двата братски православни народи, македонскиот и српскиот, како и сите православни народи, сега се уште поцврсто обединети и соединети во молитвите и во благодатната помош на една нова и прекрасна Христова светителка – преподобната маченичка Стефанида Битолска и Скадарска.

Овие денови, драги браќа и сестри, повторно се покажува на дело дека Христовата Црква е непобедлива, дека сите сме духовно прегрнати во Возљубениот Христос Господ, и дека се почитуваме едни со други и се сакаме едни со други со вистинска Христова евангелска љубов.

           Топлината на христијанското добродојде од страна на отец Серафим, игумен на манастирот „Слепче“, и од страна на нашите прекрасни сестри од овој свет манастир од 5 век, на нашите прекрасни македонски домаќини, ја зголеми и ја удвои радоста на средбата на нашите два братски народа, српскиот и македонскиот, но и на многу други народи собрани во овие благословени денови преку Светиот Дух, во намачената земја Македонија. И Македонците и Србите и Бугарите и Чесите и Полјаците и Французите, сите овие денови бевме пред сè народ Христов, нов Израил, царско свештенство, народ избран.

             Радоста што толку силно сјаеше во нашите очи, но и благодатната озареност на нашите лица, како и заедничкото богослужение на три јазици – македонски, српски и црковнословенски, со причестување од една Чаша Господова, повторно покажаа дека љубовта Христова е сеопфатна, собирачка и обединителна, и дека таа со својата Божја сила ги зближува и ги преобразува луѓето и народите во еден единствен и вечен народ – народ Божји.

            Се разбира, христијанската љубов е секогаш ненаметлива, секогаш е на гулабови нозе на смиреност и кроткост, секогаш е полна со подготвеност за братско прегрнување. Таа е постојано свртена кон Небесното Царство и има вечна, спасоносна, божествена и богочовечка смисла.. Во исто време, таа христијанска љубов не ги укинува нашите земни специфичности и секогаш подразбира почитување на културните и националните различности и особености на нашите народи во ова минливо земно патување. Таа секогаш ја почитува слободата на избор на секој поединец и на секој народ да се изрази онака како што самиот чувствува.Тоа не само што не ги нарушува нашето духовно единство и прегратката на вистинските браќа и сестри во Христос, туку им дава нов квалитет и оригиналност.

               Ви благодариме, наш прекрасен брате, оче и пријателе, игумене Серафиме, ви благодариме наша мати Марина, ви благодариме наши прекрасни и радосни сестри на манастирот „Слепче“, што повторно ни го дадовте вашето срце. Според оние древни светоотечки зборови – го видов лицето на мојот брат и на мојата сестра – го видов лицето на мојот Бог.

За многу и благословени години! И ако Бог даде, до некоја нова и брза благодатна средба и собир, но овој пат кај нас во Србија и во Црна Гора.“

 

 

 

Извор: https://www.cudo.rs/видеоархимандрит-петар-драгојловић/

https://liturgija.mk/aktuelno/mpc/arhimandrit-petar-dragojlovikj-od-srpskata-pravoslavna-crkva-sluzheshe-liturgija-vo-manastirot-slepche-najvazhno-za-nas-pravoslavnite-narodi-na-balkanot-e-da-se-sobirame-koga-sakaat-da-ne-ra/

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Православен календар

 

15/06/2026 - понеделник

Петровденски пости; (строг пост)

Свети Никифор Исповедник, патријарх Цариградски; Светиот новомаченик Константин; Свети Јован Нов Сочавски; +Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски; Светите дваесет илјади маченици Охридски;;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная