Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 6:31-36
31. Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив!
32. И ако ги сакате оние, што вас ве љубат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците ги милуваат оние, што ги сакаат нив.
33. И ако им правите добро на оние, што вам ви прават добро, каква ви е наградата? Оти и грешниците го прават тоа.
34. И ако им давате заем на оние, од кои се надевате дека ќе ви го вратат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците им даваат заем на грешници, за да им се врати истото.
35. Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот; зашто и Он е добар кон неблагодарните и кон лошите.
36. И така, бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец.
Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 11:31-32;12:1-9
31. Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој е благословен во веки, знае, дека не лажам.
32. Во Дамаск управителот на цар Арета, друговерец, го пазеше градот Дамаск со стража, сакајќи да ме фати; и јас во кош бев спуштен и преку прозорец низ ѕид избегав од рацете негови.
1. Да се фалам, немам полза, но ќе минам кон виденија и откровенија Господови.
2. Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам: Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо.
3. И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело – не знам: Бог знае,
4. беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои што човек не може да ги искаже.
5. Со таков човек ќе се пофалам; но со себеси нема да се пофалам, освен со моите слабости.
6. Ако, пак, посакам да се фалам, нема да бидам безумен, зашто ќе кажам вистина; но јас се воздржувам, да не би некој да помисли за мене повеќе, отколку што во мене гледа, или од мене слуша.
7. И, за да не превознесувам со премногу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по лицето, та да не се превознесувам.
8. Затоа трипати Го молев Господа да го отстрани од мене.
9. Но Он ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила наполно се покажува во слабоста”. Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите немоќи, за да се весели во мене силата Христова.
Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Ако се трудиме во молитвата, да внимаваме на слободното однесување и на гордоста, бидејќи тие се голема пречка за молитвата.
Во беседата за значењето на денешниот празник, повлекувајќи паралела помеѓу денешните случувања, отец Дејан укажа на сета погибелност кога се свое вложуваме во здобивање на земните богатства, при тоа заборавајќи го или сосема отфрлајќи го Небесното царство. Нашата гордост која е почетокот на сите гревовни состојби во кои се наоѓаме, да ја победуваме со христијанската смиреност на која Господ Исус Христос не поучува.
FOTO GALERIJA