Долгогодишна традиција на жителите од селото Љубанци е, на празникот на св. Јоаким Осоговски да се соберат во манастирот на св. Никола најпрвин на Божествена Литургија, а потоа на трпеза на љубовта. Споре преданието, уште од времето на турското ропство, востановена е традицијата во чест и слава на св. Јоаким Осоговски цело село да го празнува светителот, најпрвин со одење во црква на света Литургија, а потоа по домовите на соседите.
По Литургијата
Нивните средби секогаш се со голема радост и љубов проникнати, а нам ни го разубавуваат денот гледајќи ги.
Најпрвин се осветија и прекршиа славските колачи.
А потоа, во гостинската трпезарија, свештеникот ја благослови трпезата на љубовта. До пладне, се поставиа неколку.
И во стариот руиниран конак се насобраа мештаните, а меѓу нив можеше да се забележат и доста млади луѓе, кои со голема вера и набожност дојдоа во посета на манастирот.
Друго:
Посети:{moshits}